СДСМ најави дека ќе го укине екстерното тестирање

Новата Влада ќе го укине екстерното тестирање. Овој јуни нема да биде најстресниот месец во годината на учениците, најави Петар Атанасов, претседател на Комисија за образование на СДСМ. Според нив, оваа мерка освен притисоци врз учениците и казни за наставниците, не донесе ништо добро на образованието.

„Никогаш повеќе нема да дозволиме да се вршат експерименти врз учениците и да се носат ад-хок решенија кои одат на штета на учениците, студентите, наставниците и професорите, како што беше пракса досега. На учениците, наставниците, професорите им е неопходна нова реформска Влада.

Очекуваме во најкусо време претседателот Зоран Заев да го добие мандатот и новата Влада да почне да работи во интерес на сите граѓани“ изјави Атанасов.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.