Политика

СДСМ најави кривична против Груевски

СДСМ најави кривична против Груевски

СДСМ ќе поднесе кривична пријава против Никола Груевски за неовластено снимање и прислушување. Согласно член 151 и 152 од Кривичниот законик неовластено прислушување и снимање не е дозволено.

– Доколку постоеле посебни истражни мерки, сторено е кривично дело согласно членовите 360 и 360а од Кривичниот закон, оддавање на службена тајна. Сега обвинителството е на потег. Ајде да видиме како ќе постапи кога станува збор за Груевски. Груевски треба да одговори од кога е следен лидерот на СДСМ – рече Шилегов.