Македонија,Политика

СДСМ наместо за победа, се подготвува за пораз

СДСМ наместо за победа, се подготвува за пораз

Извршниот одбор на СДСМ донесе алиби одлука за престојните избори, СДСМ одбра пратеничките листи кои партијата ја подготвуваат за пораз а не за победа – се најприсутните коментари после одржаната седница на највисокиот орган на социјалдемократите.

Составот на листите и нивните носители не само што предизвика дебата меѓу членството и доза на обесхрабрување поради пред се слабиот избор на првенци кои ќе истрчаат на партијата, туку и револт кај базата на партијата кои во ваквите одлуки гледаат смут кој сака да го направи раководството и во целост да ја префрли одговорноста за резултатитe од изборите врз не толку истурени играчи и себе си да се амнестира од било каква одговорност. СДСМ одлучи Рената Десковска да е носител во првата изборна единица, Петре Шилегов во двојката, Марјанчо Николов во третата иузборна идиница, Локвенец од Прилеп во петката и Стојко Пануовски во шестата изборна единица.

Покрај членството кое во овие луѓе не гледа капацитет да ја понесат партијата напред, и аналитичарите се одлучни дека ваквата одлука на СДСМ дава значи дека раководството не е спремно да истапи напред и да превземе одговорност за резултатите од изборите и на овој начин сподeлена одговорност со носителите би значeла и помала одговорност од евентуален пораз. За многуммина ваквата одлука на СДСМ не е изненадување, бидејки оние кои ги знаат состојбите одвнатре добро им е познато дека партијата се наоѓа веќе подолго време во состојба на раслоеност и поделеност на повеќе крила.

Ваквата нетрпеливост пред се е производ на неможноста на раководството кое е на тапет од базата и членството да ги испорачаат ветените реформи и промени. И со ваквата одлука на раководството себеси да се амнестира од евентуален пораз и да не се стави на листите на пратеници значи дека раководството на СДСМ на овие избори не гледа како можност да дојде на власт туку подготовка за опстојување и задржување на позициите во рамките на партијата.

Од друга страна, аналитичарите коментираат дека ваквата одлука е производ и на фактот што и на Зоран Заев и на Радмила Шекеринска им е доволно јасно дека Груевски и ВМРО-ДПМНЕ уживаат апсолутна поддршка од граѓаните, и дека СДСМ не е во кондиција да се спротивстави на актуелниот начин на дејствување и организираност. Аферите кои се провлекуваа зад имињата на Шекеринска и Заев сериозно се одразија врз нивниот рејтинг.

Исто така не треба да се занемари фактот што во СДСМ веќе подолго време тлее главната струја на Бранко Црвенковски, што може да се види и од самиот состав на листите каде на првите места се негови луѓе. И Локвенец, Десковска, Шилегов, Стојко Пануовски, Маријанчо Николов важат за политичари кои се блиски до Црвенковски. Впрочем, сите сегашни носители освен Шилегов трчаа и на претходните локални избори кога партијата ја водеше токму Црвенковски.

СДСМ не успеа да се надмине себеси и излезе со компромитирани кадри

Хари Локвенец важи за еден од најбогатите прилепчани кој своето богатство го стекнува во најголема мера за време на транзицијата на СДСМ и Црвенковски. Од прилично анонимен сопственик на мал и скромен бизнис неговото семејство прераснува во едно од најбогатите. Дополнително што Хари Локвенец веќе еднаш доживеа директен пораз на локалните избори како кандидат за градоначалник на СДСМ за Прилеп што значи дека не ја ужива поддршката во својот роден град и загуби со 8 илјади гласови разлика а сега е во позиција да ја бара довербата на цела изборна единица во четворката. Сличен е случајот со Васко Ковачевски од Битола кој како прв човек на социјалдемократите од Битола гиуби убедливо два изборни циклуси по ред. И Марјанчо Николов од Велес губи три изборни циклуси по ред.

Петар Шилегов важи за адвокат на богаташите на СДСМ и близок до Црвенковски. Неговото име деновиве се поврзува со афери за организирано местење на тендери од кој се офајдиле голем број на фирми блиски до СДСМ и раководството, а псоледниот случај беше што со негов потпис фирмата каде сопственички удел има сопругата на Црвенковски земала тендер иако тоа било спротивно на законот. Дополнително Шилегов беше адвокат каде се појави како бранител на значајни корупциски афери во кои беа вплеткани кадри на СДСМ како што беше аферата Бачило 2.

Потоа носител на листата и е Стојко Панувски кој исто така беше поразен на избори, 3 спрема 1 во корист на Никола Тодоров. Стојко ќе остане запаматен по тоа што беше Пратеникот од СДСМ Стојко кој од Собраниската говорница побара со ребалансот на Буџетот да се намалат и пензиите, платите и социјалните трансфери. Неговата изјава – Ако е криза, нека биде криза за сите. Не, за едни да се крати, а едни да бидат заштитени како бели мечки – предизвика лавина реакции кај пензионерите и социјалните случаи за кои Пауновски побара да се скратат примањата. Додека Рената Десковска важела за човек од крилото на црвената буржоазија на СДСМ.

Апстинирањето на Заев е редок случај на лидер на опозиција да одбие да превземе одговорност во светски рамки

Засега во развиените демократии нема случај лидер на опозиција да не се кандида за пратеник. Таквиот начин на дејствување може да му се препише на Бранко Црвенковски кој соочен со слабиот рејтин одби да се кандидидира на изборите во 2011 та година. На тие избори СДСМ претпре катастрофален пораз. Тоа за експертите е неприфатливо. Замислете во Велика Британија, Франција, Германија лидер на опозиција да не се кандидира за пратеник, тоа би било рамно на скандал и веднаш таквиот лидер би бил соочен со барање за оставка. Од друга страна тоа на извесен начин значи и изневерување на сопственото членство кое се турка во првите борбени линии а на безбедно опркужување се сместува самото раководство, коментираат експерите.

Нивниот коментар е дека после ваквата одлука на СДСМ се гледа извесна победа на ВМРО-ДПМНЕ на престојните избори од над 63 пратеници во парламентот.