Македонија

СДСМ направи упад во театрите

СДСМ направи упад во театрите

Активисти и членови на СДСМ, истите кои протестираат и седат во кампот пред Владата и кои се на секој протест на СДСМ, денеска направија упад и прекинааа театарска претстава. Со ова раководството на СДСМ директно се впушта во опструкција на работењето на институциите и нивно рушење.

Иако се борат под плаштот на некаква демократија и слобода, всушност тие се првите кои  ја загрозуваат и на голема врата ја внесувааат политиката во уметноста.

prpo

Вакви упади и прекини во современиот свет се типични за ултрлевичарски или ултра десничарски групи кои во својата основа функционираат врз тоталитарни принципи. Ваквиот потег не придонесува за надминување на актуелната политичка криза, за што изгледа само декларативно се залага раководството на СДСМ.

p

Упатените ваквиот чекор го толкуваат како плод на нервоза, и тотална безидејност. За други пак ваквиот чекор е само дел од мозаикот и атмосферата кои ја диригираат луѓето на СОРОС кој на големо создаваат терен и подлога преговорите во Брисел да не успеат плашејки се од избори, на што, со оглед на исклучително слабата поддршка на СДСМ од народот, гледаат како неповолно сценарио.