СДСМ насилно влезе во ГРОМ, употребени ножеви, повикана полиција (ВИДЕО)

Активисти на СДСМ вечерва пробале насилно да упаднат во централниот штаб на партијата ГРОМ кој се наоѓа на раскрсницата помеѓу улиците Рузвелтова и Теодосиј Гологанов во скопски Карпош.

Насилниците со тупаници и шлаканици физички го нападнале и кандидатот за градоначалник на ГРОМ за Карпош, Стевче Јакимовски. Според информациите биле употребени и ножеви и лисици.

Во моментов пред штабот на ГРОМ има голем број полициски службеници.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.