СДСМ не демантира дека Шекеринска е можен кандидат за премиер

Вчера од СДСМ не демантираа дека Шекеринска ке биде кандидатот за премиер на оваа партија на престојните парламентарни избори. Од таму тврдат дека Шекеринска речиси сигурно ќе биде понудата таа да биде првиот човек кои социјалдемократите ќе го понудат да ја предводи еветнуалната  влада која тие би ја формирале доколку ја добијат подршката од граѓаните, пишува порталот „Република“.

Ваквата одлука во рамките на самата партија предизвикала различни реакции и негодувања.

Но тоа не е единствениот проблем на СДСМ. Овие денови во партијата се случува процес на откажувања од листите, шеми за рокади и алиби приказни.

Упатените тврдат дека политиката која ја води раководството на СДСМ е подготвување на терен за да се преживе по се поочекуваниот пораз на изборите.

Можеби главна тема деновиве во СДСМ било како да се избега од одговорност  за двојниот пораз на претседателските и парламентарните избови.

Упатените од партијата брифираат дека состојбите се далеку од розови а тоа го говори и отсуството на Заев и Шекеринска од митинзите на Стево Пендаровски.

Причината за тоа е што двоецот Заев – Шекеринска одбива да им се препише поразот и неуспехот на Пендаровски туку целта е да се обвини Стево за слабиот изборен резултат.

Последната анкета која ја објави Центарот за истражување и анализа ЦИА Скопје е дека на претстојните претседателски избори, за Ѓорге Иванов би гласале 42,243 отсто, а за Стево Пендаровски 19,692 отсто од избирачите.

Заев го пушта Пендаровски низ вода беше коментарот и на Антонио Милошоски на  преставувањето на Иванов во Битола.

Тој праша Зошто ги нема Заев и Шекеринска во кампањата на Пендаровски? Кој од кого се крие и плаши? Што не кажат овој човек нешто направи за Македонија. Дали раководството на СДСМ бега од Пендаровски затоа што знаат дека ќе ги изгуби изборите, па да можат да кажат дека не изгубиле тие туку тој. Однапред ја предадоа битката, го пуштија низ вода за после да можат да се избават, рече Антонио Милошоски кој се обрати на митингот за промоција на Иванов во Битола.

Втората крупна работа се превирањата околу пратеничките листи на СДСМ.

Вчера Митре Велјановски од СДСМ се октажа од кандидатското место на пратеничките листи во 5тата изборна единица.. Претходно пред да се објават листите уште 15 лица кои Заев планирал да бидат на истите им се откажале, велат извори од СДСМ, со причина дека одбивале да бидат на губитнички листи.

Најновиот инцидент во апртијата бил физичката пресметка која се случила помеѓу пратеникот на СДСМ Миле Андонов кој повторно се најде на кандидатските листи за пратеници од СДСМ и Влатко Трајанов актуелен советник на СДСМ во Кочани.

Уште еден доказ за  паниката во СДСМ од извесните порази е тоа што во последен момент дојде до пресврт и наместо Заев најверојатно Шекеринска ќе е кандидат за премиер од СДСМ, за и овој пораз да не се препише на Заев кој во таков случај би можел да се соочи и со барање на доверба за градоначалник на Струмица.

Со тоа негативата ќе оди на грбот на  Шекеринска која по два пораза од Никола Груевски нема ја погоди толку и 3 тиот извесен пораз би се прикажал како веќе видено.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.