петок, 9 декември 2016  |  Вести денес: 0

СДСМ не исекол дрво бидејќи не изградил ни полско ВЦ во Скопје!

На сиротиот СДСМ кој не направил ништо во својата историја за Скопје му остана да брои дрва, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

вмро-дмне

Последни вести

Политичкото зеленило на СДСМ не може да ги промени фактичките бројки и да ги манипулира граѓаните. Тие ја знаат вистината, а таа е следна: Коце Трајановски е градоначалникот на чија смена се засадени над 70.000 садници, како и 1.5 милион цвеќиња. СДСМ е партијата на чија смена во Скопје се засадени 70 грмушки, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продлжение интегрално сопштението на ВМРО-ДПМНЕ:

На сиротиот СДСМ кој не направил ништо во својата историја за Скопје му остана да брои дрва.

Во својата т.н. реакција полна со бес, фрустрации и очај на СДСМ, што од сопствената политичка нереализираност и неспособност, што од поразот кој ги очекува и тоа како на избори, Центарот на комуникации од Бихаќка фактички ги потсети граѓаните на само дел од проектите кои се направени во Скопје во последните неколку години. Па така СДСМ не само што ги фали проектите на ВМРО-ДПМНЕ, туку и кажува дека е против нови катни гаражи, цркви, споменици, туристички локалитети, нови патишта, проширени булевари и побрза комуникација низ градот.

Покрај сето ова СДСМ не пропушта и да ја потсети јавноста дека е партија со високо-некрофилски тенденции, уште еднаш обидувајќи се да ја злоупотреби трагичната судбина на настраданите во поплавите во скопско во политички цели, истовремено надевајќи се дека граѓаните ќе заборават дека токму СДСМ беше партијата која беше против субвенционирано чистење на одводните канали во општина Гази Баба, што е документирано и презентирано на јавноста.

Но политичкото зеленило на СДСМ не може да ги промени фактичките бројки и да ги манипулира граѓаните. Тие ја знаат вистината, а таа е следна: Коце Трајановски е градоначалникот на чија смена се засадени над 70.000 садници, како и 1.5 милион цвеќиња. СДСМ е партијата на чија смена во Скопје се засадени 70 грмушки.

Коце Трајановски е градоначалникот кој пробива нови патишта и проширува и продолжува булевари, а во интерес на граѓаните и нивниот полесен и побрз транспорт. По должината на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов уреден е новиот парк „Македонија“ со површина од 62.000 квадратни метри, каде се засадени околу 800 нови дрвја и садници. Започнато е и уредувањето на третиот дел на паркот „Македонија“ на површина од 10.000 метри квадратни, од кои 6.000 квадратни метри ќе бидат зелена површина. Во близина на овие паркови уреден е и „Паркот на 100 дрвја“, на површина од 3.500 квадратни метри.

Во време на Коце Трајановски се обновени дрворедите по должината на булеварите, и тоа на булеварите Илинден, Свети Климент Охридски, Митрополит Теодосиј Гологанов, Борис Трајковски, Србија, Јане Сандански, Александар Македонски, Видое Смилевски Бато, Никола Карев, и други. Зазеленети се средишните жардиниери на сообраќајниците, доделени се над 20.000 бесплатни садници на куќните совети и на јавните институции. Градскиот парк (прв дел) доби комплетно нов лик, со ново зеленило, украсни чешми и нови интересни содржини за децата, а во парк-шумата „Водно“ во последните години се засадени повеќе од 55 хектари со зимзелени и листопадни садници.

Во време на Коце Трајановски во Паркот на природата „Гази Баба“ се пошумени повеќе од 1,5 хектари со листопадни дрвја, а засадени се и дополнителни 1.000 големи садници. На првиот ден на пролетта минатата година Градот Скопје на јавните површини засади вкупно 10.000 бели рози, во сите скопски општини.

Ниту Коце Трајановски ги носи исечените садници дома, ниту некој ги јаде. Сите садници чие броење е занимација за неспособните во СДСМ се отстранети за да се направи инфраструктурна промена во корист на граѓаните. И секогаш кога ќе се отстрани еден садник се засадуваат многукратно повеќе на соодветна локација. Тоа се факти, тоа е здрава логика која е отсустна во СДСМ па СДСМ мисли дека е отсутна и кај граѓаните.

Дополнително, во време на Трајановски градот Скопје набави нова машина со систем за пресадување на дрвја со што повеќе нема да мора да се сечат дрвја при реализација на инфраструктурни проекти.

Јавноста добро знае исто така и дека во моментов на територијата на Скопје се реализира најголемиот проект за изградба и реконструкција на велосипедски патеки изминативе 50 години – „Скопје велоград 2014-2017“.  Со овој проект во градот ќе се оформат четири главни велосипедски рути кои ќе се протегаат во насока исток – запад и 7 конектори кои ќе се протегаат во насока север – југ, или ќе се реконструираат постоечките и ќе се изградат нови велосипедски патеки со вкупна должина од 51 километар.

Е ова е сета болка на СДСМ која излегува на површина кога мислат дека ќе успеат да ги изманипулираат граѓаните. СДСМ ниту посадил ниту исекол дрво. Не исекол бидејќи не изградил ни полско ВЦ во Скопје, а не посадил (освен 7 грмушки) бидејќи СДСМ не се грижел никогаш за животната средина. СДСМ има воопшто информација за квалитетот на воздухот токму поради мерните апарати кои ги постави ВМРО-ДПМНЕ за да се соочиме со деценискиот проблем и да се преземаат мерки за подобрување на квалитетот.

СДСМ забрануваше поставување на вакви мерни апарати бидејќи не сакаше граѓаните да знаат каков воздух дишат. СДСМ не знае што е тоа да прошириш булевар и да го подобриш движењето на граѓанинте. СДСМ знае само да зборува и да се труди од петни жили да измислува и манипулира.

Затоа СДСМ е онаму каде што е и каде што ќе остане уште долго со ваквите политики на безработливост, лаги, деструкција и манипулации.

 

Најчитани вести