ВМРО – ДПМНЕ: СДСМ не реновираа ни метар од железничката пруга

Железничарите во раководството на СДСМ додека беа на власт не реновираа ни метар од железничката пруга, не набавија ни половина вагон, не реновираа ни еден перон на железничките станици во Македонија, обвинуваат од владејачката ВМРО – ДПМНЕ во писмено соопштение упатено до јавноста.

Интегрален текст од соопштението:

Експертите за железници од СДСМ се јавија првпат после 1994 година кога проектираа дека ќе ја изградат железницата кон Бугарија за само една година. Ако не се сеќаваат ги повикуваме да отидат во селото на нивниот коалициски партнер Тито Петковски и самите да се уверат за спомениците кои ги оставија зад себе.

Железничарите во раководството на СДСМ додека беа на власт не реновираа ни метар од железничката пруга, не набавија ни половина вагон, не реновираа ни еден перон на железничките станици во Македонија.

Ете овие железнички експерти од СДСМ денес имаат образ да зборуваат за инвестициите во железничката инфраструктура во Македонија.

Денес во Македонија не само што се набавуваат нови железнички композиции, туку се реновираат десетина железнички станици, се реновира железничката станица во Скопје, се реконструира постоечката железничка инфраструктура и се работи забрзано на реализација на она што СДСМ го ветуваше, а не го оствари, железничко поврзување со Бугарија.

Изборите на 24 април ќе бидат најголемата казна за лицемерноста на СДСМ.