СДСМ не се бори за слобода на медиумите, туку се бори за контрола на медиумите

И за медиумската сфера сакавме блефот на СДСМ да излезе на виделина. Наводно СДСМ се бори за слобода на медиумите, дали можеш да се бориш за слобода на медиуми а во исто време да бараш одговорниот уредник на МТВ да биде поставен од СДСМ. Ова во интервју за неделникот Република го вели воцепремиерот и министер за здравство, Никола Тодоров.

Едно со друго не иде, тотално е контрадикторно. Или се бориш за слобода на медиумите и реално бараш слобода, или се бориш за политичко влијание и контрола. Со прифаќање на тоа нивно барање ни покажавме пред целата Македонска јавност дека СДСМ не се бори за слобода на медиумите  туку се бори за контрола на медиумите. Со желба таа контрола на медиумите да ја искористи како алатка во изборите.