СДСМ: Нема да има никакво поскапување на струјата

Владата предводена од СДСМ обезбеди евтина дневна тарифа на струјата за сите граѓани, нема да има никакво поскапувањe, тврдат од владејачката партија во соопштението од вторникот.

Според соопштението, водејќи се од воспоставените принципи на остварување на дадените ветувања пред граѓаните, Владата предводена од СДСМ ја вратќа дневната евтина тарифа на струјата што ВМРО-ДПМНЕ ја укина.

„Од први октомври, секој ден од 14.00 до 16.00 часот сите граѓани ќе можат да користат електрична енергија по поевтина тарифа. Евтината тарифа ќе продолжи да важи и во периодот од 22.00 до 07.00 часот секој ден и 24 часа во недела.

Лажни се тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека враќањето на евтината струја ќе ја покачи цената на електричната енергија. Граѓаните да бидат спокојни. Ниту во моментов, ниту во блиска иднина нема да има никакво покачување на цената на електричната енергија.

Враќањето на дневната евтина тарифа на струјата ќе биде овозможено преку кратење на непродуктивните трошоци и домаќинското и одговорно работење на државните компании ЕЛЕМ и МЕПСО.

Со користењето на евтината дневна и викенд тарифа на струјата граѓаните ќе имаат можност да заштедат, ќе имаат пониски сметки за струја и ќе им остануваат повеќе пари во семејниот буџет. Ова е само една од низата мерки што ќе овозможат враќање на повеќе пари кај граѓаните, намалување на трошоците за живот и поголеми семејни буџети. Зборот е збор, Владата предводена од СДСМ и парламентарното мнозинство продолжуваат да работат чесно, одговорно и единствено во интерес на граѓаните3, се вели во соопштението.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.