СДСМ нема да учествува на разговорите во Виена

СДСМ постави два услови за да учествува на разговорите на лидерите на партиите потписнички на Договорот од Пржино во Виена. За ова денес на прес конференција информираше лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Ја почитуваме иницијативата на европратениците и комесарот Хан за средба на лидерите на партиите потписнички на Договорот од Пржино во Виена. За СДСМ да учествува на средбата во Виена неопходно е да се исполнат два предуслови: прво Иванов да ги повлече сите срамни одлуки за помилување и второ да се свика Собранието за да ја повлече одлуката за одржување на избори на 5-ти јуни поради неисполнети клучни услови за регуларни, слободни, фер и кредибилни избори, рече Заев.

Во одговори на новинарски прашања Заев потенцира дека доколку овие два услови не бидат исполнети СДСМ нема да учествува на разговорите во Виена.