СДСМ нема капацитет за да направи пуч

Во своето гостување во емисијата „Анализа“ на 24 Вести, Сашо Клековски изјави дека Социјалдемократскиот сојуз во моментов нема капацитет за да ја сруши власта.

– Jавноста во Македонија не може да се увери дека СДСМ има капацитет за пуч. Бидејќи треба да бидете убедени дека некој има капацитет да ја сруши власта. Ова можеби е обид за нешто такво, ама не целосен, бидејќи мислам дека СДСМ во овој момент нема капацитет да го изврши тоа. Можеби има намера, но нема капацитет да го изврши тоа, изјави тој.