СДСМ: Нема повеќе ВМРО-МВРО, започнат е процес на ослободување на заробените институции

Масовната партизација на државните институции беше главната одлика на 11 годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, а Министерството за внатрешни работи, кое според признанието на тогашната министерка Гордана Јанкуловска ВМРО-ДПМНЕ го претвори во ВМРО-МВРО, беше еден од најочигледните примери за поклопувањето на државата од страна на партијата, реагираат од СДСМ.

„Токму масовната партизација на институциите од страна на ВМРО-ДПМНЕ ја направи Македонија заробена држава и ја одалечи од евро-атлантските процеси.

Владата предводена од СДСМ, преку рефомскиот План 3-6-9 согласно препораките на ОБСЕ, ОДИХР и други релевантни меѓународни институции, почнува со сериозни реформи во судството, безбедносните служби, борбата против корупцијата, во јавната администрација и изборното законодавство, со што започнува процесот на ослободување на институциите што ВМРО-ДПМНЕ ги имаше заробено цели 11 години“, се навеудва во соопштението.