СДСМ обвини за нови анекс договори за „Скопје 2014“

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија соопшти дека по пат на анекс на договор на градежната компанија „Бетон“ ќе и бидат исплатени нови 69.619.516 денари за изведба на дополнителни и непредвидени работи на катната гаража кај „Беко“ во центарот на Скопје.

„Како и во бројни други случаи, договорот бил потпишан со преговарање и без претходно објавување оглас. Со тоа граѓаните на Скопје и Македонија ќе добијат уште една сомнителна градба, која ќе чини многу повеќе од најавените и онака неверојатни 14 милиони евра. Македонија под ВМРО-ДПМНЕ стана шампион во склучување на неверојатно високи анекс договори, со што цената на објектите се зголемува повеќекратно, стои во соопштението на СДСМ, според кој, владејачката партија за проектот „Скопје 2014“ склучила анекс договори во вредност од над 60 милиони евра

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.