СДСМ со очајни изговори за одложување избори- одбија Албанец експерт зошто бил “вмровец“

Опозициската СДСМ која очајно сака одложување на изборите два пати не прифати Албанец експерт за Државната изборна комисија (ДИК), со смешно тврдење дека е од ВМРО-ДПМНЕ.

По повеќечасовни преговори, откако партиите од големата четворка едвај ги усогласиле тројцата експерти за ДИK, СДСМ се пишманил и го растурил договорот со образложение дека експертот-Албанец бил „вмровец“, велат од владејачките партии.

– СДСМ не сака избори и прави се до нив да не дојде или да ги одложи – децидни се претставници во преговорите од власта, пишува Курир.

Тие откриваат дека по тешки натегања во преговорите откако се усогласиле за експертот-Албанец, тој не бил прифатлив за СДСМ оти бил „вмровец“. Ова предизвикало жестоки реакции од ДУИ и ДПА. Тие го обвиниле СДСМ за етикетирање на експертот-Албанец и тоа со вмровски предзнак. Тие додаваат дека потврда оти СДСМ прави се за да ги ескивира изборите е тоа што и вториот експерт-Албанец што го предложиле социјалдемократите го одбиле.

– Врв на се` беше откако им прифативме двајца од шест пласирани експерти, тие, за да го растурат договорот, го отфрлија и вториот експерт-Албанец со образложение дека не бил доволно квалификуван за да биде потпретседател на ДИK. Настана нова мешаница, претставниците на Албанците се налутија. По ова од СДСМ сакаа да се пазарат и ним да им припадне и претседателското место во ДИK и функцијата генерален секретар. И додека за претседателската функција може да се разговара, за позицијата генерален секретар треба целосно независна личност – брифираа вчера од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Се прават обиди да се надмине оваа ситуација со поединечни средби меѓу претставниците на политичките партии.