СДСМ од политички причини го напаѓа Уставен

Tемата за Уставниот суд е извртување и манипулација на најголемата опозициска партија СДСМ, зошто каква одлука и да донесе Уставниот суд, позитивна или негативна, тој што направил нерегуларности ќе одговара, бидејќи има строг закон кој е донесен од актуелната власт и законот е на сила.  Уставниот суд е столб на државноста и уставноста и идејата на СДСМ е да го обои политички е во контекст на нивното сценарио на рушење на државноста, институциите и столбовите на суверенитетот, пишува „Курир“.

Порталот потесува на информациите што вчера бвеа објавени во медиумите дека СДСМ и нејзините пратеници во Собранието на 9-ти јануари 2009та гласале против предлозите на министерството за правда за ограничување на правото на претседателот на државата да помилува лица осудени за педофилија, дрога, тероризам и изборни нерегуларности.

Прво тврдеа дека измените на Законот за помилување се противуставни а сега протестираат пред уставниот суд затоа што ја прифатил иницијативата за оценување на уставноста на овој закон.

СДСМ самите биле за ставот дека законот е против уставен

Во своите дискусии пратениците на СДСМ тврделе дека ваквите измени се спротивни на Уставот. Сметале дека нема основа токму овие кривични дела да бидат издвоени. Истакнале дека секој може да се покае и ресоцијализира и дека Законот не смее да ги третира различно и построго сторителите на овие специфични кривични дела.

Не треба да му веруваме на претседателот, на овој, на идниот, на кој и да е, затоа што тој е избран од сите овде што сме во Собрание со најголем број гласови со поддршка на голем број на граѓани и мислам дека ваквото право треба да му биде оставено. Јас тврдам дека овој закон, делови од овј закон, ќе паднат, нема да ја издржат оценката на уставност и законитост и тогаш мислам дека ќе треба веќе еднаш во оваа држава да се сносува и политчка одговорост за неуставни одредби, а за кои пратеници во ова СОбрание укажуваат на таа работа, вели пратеничката на СДСМ Цветанка Иванова на 9ти јануари 2009та. во Собранието.

Но, за разлика од тогаш, истата пратеничка на СДСМ денеска има поинаков став. На својот фејсбук профил таа завчера го осудила прифаќањето на иницијативата во Уставниот Суд. Ако во 2009та сметала дека измените на Законот се против уставни, таа сега смета дека Уставните судии се срам иако тие постапуваат согласно ставот на СДСМ изразен во 2009-та.

Слична контрадикторност може да се забележи кај најголем дел од тогашните пратеници на СДСМ.

Остануваме на ставот и тврдиме дека овој прес е противуставен, затоа што ги ограничува надлежностите на претседателот и апсолутно го доведува во прашање принципот на избор на претседател на непосредни избори, затоа што му се одземаат правата и не кореспондира со онаа јавна расправа за која што говоревме за уставнот цензус во вториот изборен круг, односно намалувањето на 40% што беше предмет на денешната пленарна седница. Дополнително со ваков закон се воведува дискриминација во РМ, затоа што за одредена група за сторители на кривични дела се констатира, со ваквите измени и дополнувања, дека не е возможна ресоцијализација, што апсолутно не е во согласнот ниту со темелните вредности на Уставот, ниту со она што значат надлежности на претседателот на републиката, рече пратеникот од СДСМ, Емилијан Станковиќ тогаш.

СДСМ сфатија дека СЈО и Јанева немаат никакви докази

СДСМ и Зоран…