СДСМ од политички причини го напаѓа Уставен

СДСМ и Зоран Заев сфатија дека специјалната јавна обвинителка Катица Јанева не успеа да направи ништо, бидејќи за нејзините сомненија нема никакви докази и јавноста сфати дека се конструира политичка хајка.  Темата што сакаа да ја наметнат за наводни избори нерегуларност, од јавноста и експертската јавност беше прочитана уште вториот ден.

По кривичните пријави за поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и генераниот секретар на Владата Кирил Божиновски, народот ги прочита СЈО и Јанева дека политички одработуаат и затоа анкетите  за СЈО се такви.

Според познавачите, наметнувањето со темата за Устаниот суд е начин како да ја продолжат самите наводната афера со изборни нерегуларности, напаѓајќи го ВМРО-ДПМНЕ неосновано, а  паралелно да отворат и простор за можност за синот на Зоран Верушевски, кој самиот одговара за педофилија. Не е исклучено зад ваквата тактика да стои лично Верушевски или пак  српската агенција Фактор Плус Адриа, која воедно во јавноста објавува штелувани анкети, но дури и на тие анкети СДСМ повторно губи.

Оваа српска агенција е блиска до агенцијата Рускин и Хант која што е  компромитирана ПР-агенција која во српските медиуми се оценува како продавачи на скапа магла, и чии луѓе го советуваат и лидерот на опозицијата Зоран Заев.

Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен, ист како во 2009 година.

Мислењето во врска со укинување на одредбите од Законот за помилување и од Владата и од Собранието во кое мнозинство има ВМРО ДПМНЕ е негативно. ВМРО-ДПМНЕ има јасен став и е против ова, Владата одлучила против оваа иницијатива кога давала мислење, токму ВМРО-ДПМНЕ го донесе законот да не може да се помилува, а СДСМ го застапуваше ставот дека е противуставен.

СДСМ во 2009 година кога се гласаа измените во Законот за помилување беше строго против измените со образложение дека истите биле спротивни на Уставот. СДСМ тогаш дури и ја напушти седницата во знак на револт и противење на измените на Законот кои ги предложи ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението од владејачката партија.

ВМРО-ДПМНЕ, како што нагласуваат од партијата, и тогаш и сега стои зад измените во Законот за помилување кои беа предложени до Уставниот суд.

-Со тие измени се предвиде да не може да има помилување за одредени категории осуденици како оние на кои им одредена казна за дела поврзани со избори, педофилија и слично. Тоа е лицемерието и тоа е деструктивната ниска политика заради која СДСМ никогаш нема да ја добие поддршката од граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека секој што сторил каков било криминал, треба да одговара. Таков беше ставот и кога обвинетиот криминалец Зоран Заев беше аболициран од страна на Бранко Црвенковски. СДСМ продолжува во својот препознатлив стил и шема на манипулирање да се обидува да ја манипулира јавноста и да лаже дека ВМРО ДПМНЕ стоело зад одлуките на Уставен суд, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Уставниот суд е столб на држвноста – СДСМ го напаѓа од политички причини

Уставниот суд е столб на државноста и уставноста и идејата на СДСМ е да го обои политички и е во контекст на нивното сценарио на рушење на државноста, институциите и столбовите на суверенитетот.

Сосема е јасно дека СДСМ од политички причини го напаѓа Уставниот суд. Дали СДСМ сака да направи уште една дневно-политичка манипулација и дали е тоа дел од постојаната деструктивна кампања на СДСМ не е најважно, најважно е тоа што СДСМ сака со сите сили да ги подрие сите институции во Република Македонија и преку тотална деструкција да го уништи целиот систем граден со децении.

Ваквото делување покажува дека СДСМ се против институциите во Република Македонија, односно против државата. СДСМ ги поткопаа сите темели на државноста, последен во тој поход им е Уставниот суд.  Тезата на СДСМ очигледно е “секоја институција што не ја контролираме треба да се уништи“. Институциите се независни и непартиски само ако се под строга контрола на СДСМ.

Не е точно дека се укинува можноста некој да одговара за уставни нерегуларности или за педофилија. Секој што направил кривично дело ќе си одговара за тоа што го сторил, односно ова не е расправа на Уставниот суд дали ова кривично дело да постои или не.

СДСМ продолжува со притисоци врз Судот, исто како во минатото

СДСМ со насилни протести пред судовите во минатото се стави во одбрана на своите членови од легални судски постапки. И тоа често пати протестираа со пратеници, што е чист притисок на законодавната, партиска власт врз судската.

Јавноста ги памети насилни протести пред суд за на екслидерот, и поранешен министер, Владо Бучковски да не му биде одреден притвор за случајот со тенковските делови, собирање потписи за слобода и организирање на митинг за правда за фармерот Душко Илиевски од Битола во чиј двор беше пронајден канабис, протести пред суд со барање за ослободување за градоначалникот на Струмица и сегашен лидер Зоран Заев, осомничен за корупцоја од 8 милиони евра… се само дел од низата.

Во 2007 година иако беше обвиненет за злоупотреба на службена положба и овластување и дека го оштетил Буџетот за три милиони евра со набавката за резервни делови за тенковите Т-55, Бучковски, сепак, не заврши во притвор. Судот донесе одлука Бучковски да се брани од слобода. Откако во Собранието му беше одземен пратеничкиот имунитет, го доставил пасошот како гаранција дека нема да побегне од државата. За време на седумчасовниот распит голем број членови и симпатизери на СДСМ протестираа пред судот. Вратите на судот беа блокирани од партиските симпатизери и од полицијата.

Сличен беше притисокот на социјалдемократите и при апсењето на Зоран Заев. Откако беше приведен, СДСМ го напушти Собранието, пратеничката група на СДСМ се упати пред Основниот Суд Скопје 1, на протести. Колоната пред судот ја предводеше тогашната лидерка на партијата Радмила Шекеринска. Таа ја обвини власта за политичка диктатура и убиство на демократијата. Сепак, партиското раководство на СДСМ беше тоа кое примени комунистичка диктатура и се обиде на сила да влезе во судот. Челниците на партијата влегоа во судир со полицијата, но ситуацијата брзо беше ставена под контрола.

Истото се случува и сега кога социјалдемократите протестираат за слобода на фармерот Душко Илиевски. Пратеници од СДСМ, предводени од Менде Диневски и Весна Бендевска и претседателот на општинската организација, Васко Ковачевски, со протести пред судот и општината бараат ослободување на Илиевски, иако во неговиот двор беа најдени стебла канабис сатива.

Сето ова покажува дека тоа е стил на однесување на СДСМ, полн со агресија и ароганција.

За тоа дали некој ќе одговара за изборни нерегуларности и дали ке има санкции кон некого не е надлезен Уставниот суд, туку надлежно е МВР, кое е под контрола на СДСМ. Останува отворено прашањето како МВР сега стана професионално, демократско и непартиско кога генералниот  секретар на СДСМ е министер. Очигледно, за СДСМ се’ што е под нивна контрола е демократско, а се што размислува спротивно од нив е лошо и недемократско.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.