СДСМ одново бара ВМРО-ДПМНЕ да се изјасни за референдумот

Членството во Европската унија и НАТО нема алтернатива, СДСМ обезбедува иднина, а ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски да кажат за што се, повторно повикуваат во понеделникот од владејачката партија.

„ Со полноправно членство во НАТО и ЕУ Македонија ја обезбедува својата иднина, со зајакнат и признаен македонски идентитет. Членството во ЕУ и НАТО немаат алтернатива. На референдумот на 30 септември Македонија има вистинска, историска шанса за напредок.  Сите прогресивни сили, политички субјекти кои се на страната на иднината го поддржаа референдумот, сите се за НАТО и ЕУ. Само Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се уште не се изјасниле, се уште не соопштуваат за што се. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ треба да излезат пред граѓаните и да соопштат, дали се за иднина или се враќање во црното минато на криминал, дали се интеграција или за изолација. На референдумот на 30-ти септември, граѓаните ќе изберат светла иднина наместо небиднина, ќе изберат членство во НАТО и ЕУ со зачуван и зајакнат идентитет. Граѓаните ќе кажат ДА за македонската иднина“, се вели во партиското соопштение.