СДСМ: Опозицијата ќе го предлага Јавниот обвинител само откако ќе се расчистат криминалите на претходната власт

На правосудниот систем на Република Македонија потребни му се експертски и професионални личности кои ќе работат стручно, професионално и независно, ослободени од какви било партиски пртисоци, се наведува во писмената реакција на СДСМ од средата на предлогот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија поднесена претходно во средата според кој Јавниот обвинител да го предлага опозицијата во Собранието и тој да биде избиран со двотретинско мнозинство.

Димовски претстаувајќи го предлог-законот за изборот на Јавниот обвинител потсети дека во таква форма го предложиле премиерот Зоран Заев и претеничката од СДСМ Фросина Ременска во времето додека беа во опозиција.

„СДСМ ветуваше дека Јавниот обвинител ќе се избира по предлог на опозицијата, втората измена којашто ќе се обидеме да ја внесеме е јавниот обвинител да се избира со двотретинско мнозинство. Предлагаме предлогот за Јавен обвинител да не го дава Владата, туку најголемата партија која е во опозиција и за да биде некој избран за Јавен обвинтител мора да има двотретински мнозинство“, образложи Димовски.

Но СДМС сега одговораат дека  „за да биде кредибилна и во можност да предлага експертски решенија“, опозицијата прво трабало да „расчисти во сопствените редови и да се ослободи од криминалните стеги“.

„Опозицијата ќе го предлага новиот Јавен обвинител откако ќе се расчистат сите криминали на претходната власт. Македонија ќе биде да биде правна држава, а тоа ќе се случи кога одговорност ќе понесат сите оние кои 11 години криминално се богатеа, додека стотици илјади граѓани преживуваа и ја напуштаа Македонија“, се вели во ракцијата на социјалдемократите.

Уверуваат дека именувањето на Јавен обвинител на предлог на опозицијата е дел од програмата на Владата предводена од СДСМ и тој предлогкако еден од клучните во рефомите во судството, ќе биде ставен на маса за да се добие што посилна политичка поддршка.

„За сите реформи кои се во интерес на граѓаните и државата и кои имаат потреба од двотретинско мнозинство, СДСМ ќе побара консензус од сите политички чинители“, тврдат од СДСМ.