СДСМ оспоруваше 500.000 фантоми, уште една проверка ќе се врши на 39.502

На дополнителна проверка ќе подлежат 39.502 гласачи – ова е дел од договорот кој денеска го склучија четирите политички партии.

Ова во целост го обезличува тврдењето на СДСМ за спорни 500.000 гласачи, што беше и една од главните причини за одложување на закажаните предвремени избори.

Имено, во  договорот е наведено:

„Што се однесува до спорните 39 502 гласачи од вкрстените проверки, тие ќе имаат 25 дена  самите да се пријават за гласање. Оние кои нема да се пријават, нема да имаат ни право на глас.“

Партиите денеска по долги преговори ги усогласија сите точки каде имаше несогласувања, а со ова се потврди дека СДСМ манипулирала со бројката од наводни 500.000 фантомски гласачи и призна дека само 39.502 ќе подлежат на дополнителна проверка.