СДСМ, ова вашево е ненормално – одговор на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Пратеничката Карапетова запраша: „Нели е ненормално да излезете на избори, да немате никакви забелешки и да не ги признаете истите? Дали е нормално да бидете избран во собрание, да земете незаслужена плата, да не доаѓате на работа и сето тоа да биде нормално? Наопаку е да имате министри а да сте опозиција. Наопаку е да седите во фотелји, а да не добиете мандат од народот. Ненормално е.“

Затуроска: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ бараат да се расчистат сите сомнежи за политичка одговорност

Пратеничката Лилјана Затуроска уште еднаш потсети на обидот на СДСМ да ја приватизира анкетната комисија и обидите на Шилегов да има два гласа во комисијата, потсетувајќи дека ниту Папата го нема ова право на седниците на католичката црква.

За Затуроска врв на ненормалност е СДСМ да бара анкетна за прислушување, а од друга страна СДСМ да ја кочи работата на истата анкетна, како и дека врв на ненормалност е СДСМ да гласа деловник за работа на анкетната, па да оди спротивно на членовите на деловникот.

Според неа, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ бараат да се расчистат сите сомнежи за политичка одговорност, но СДСМ не дозволува – што е ненормално.

Пемова: Со однесувањето во парламентот СДСМ само потврди дека поврзаноста на партијата со аферата за фалсификувани лични карти

Свои констатации и прашања околу тоа што е нормално и ненормално имаше и пратеничката Весна Пемова.

Нормално ли е да се има фабрика за афери, па кога ќе ви требаат лични карти да си печатите лични карти, кога ќе ви требаат бугарски пасоши да си печатите пасоши, нормално ли е да се чуваат 70.000 незаконски материјали во фолдер именуван „СДСМ ЗАЕВ“ кај еден ваш член на СДСМ кој деновиве го гледавме сликан со Заев и Спасовски?, праша Пемова.

Таа заклучи дека со однесувањето во парламентот СДСМ само потврди дека поврзаноста на партијата со аферата за фалсификувани лични карти, документи и пасоши е голема.