СДСМ падна на дното, нехумано политички го злоупотреби ликот и делото на Тоше

Морбидна, нечовечка и нехумана политичка злоупотреба на СДСМ на ликот и делото на Тоше Проески.

Наспроти искреираните материјали кои ги објави СДСМ, вистината е следна. Според информациите до кои дојдовме, трите илјади евра кои семејството на Тоше Проески ги добива за изнајмување на реликвиите во спомен куќата на Тоше Проески се уште се исплаќаат редовно секој месец.

Досега Владата ја покажа својата искрена и отворена намера кон зачувување и одбележување на делото на Тоше Проески преку изградба на спомен куќа во износ од 5 милиони евра, изградба на пат кон манастирот Свето Преображение, кое беше подигнато по иницијатива на семејството Проески.

Исто така, од материјалот кој СДСМ го објави се дознава уште една работа, дека премиерот Никола Груевски се согласува со барањето на семејството Проески да се изгради почивалиштето на Проески според замислата на семејството.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.