вторник, 25 април 2017  |  Вести денес: 31

СДСМ: Парламентарното мнозинство ќе ја формира новата Влада!

Порачуваме на институциите дека се должни да овозможат мирен трансфер на власта, стои во соопштението на СДСМ.

сдсм

Последни вести

Легитимното парламентарно мнозинтво од 67 пратеници избрани од над 700 000 граѓани, многу брзо ќе избере нов претседател на Собранието, а потоа и нова Влада, согласно Уставот, Деловникот и законите, посочуваат од СДСМ.

Интегрален текст од соопштението: 

Уставот, Деловникот и законите мора да се почитуваат. Мнозинството граѓани избраа да живеат во демократија, а не во режим и демократските процеси се почнати. Тие водат кон квалитетен живот за сите граѓани и кон евро-атлaнтска перспектива на Македонија.
Македонија и граѓаните нема повеќе да бидат заложници на мала криминална група во раководството на ВМРО-ДПМНЕ која ги блокира процесите и сака са ја изолира државата за да продолжи режимот, а тие да се спасат од правдата.

Легитимното парламентарно мнозинтво од 67 пратеници избрани од над 700 000 граѓани, многу брзо ќе избере нов претседател на Собранието, а потоа и нова Влада, согласно Уставот, Деловникот и законите.

Тоа е единствениот легитимен и демократски излез од кризата што ја прави опозициската партијa ВМРО-ДПМНЕ.

Порачуваме на институциите дека се должни да овозможат мирен трансфер на власта.

Вработените и граѓаните да не потпаѓаат во сценаријата на разгорување тензии и тешки казниви дела против државните интереси водени од Трајко Велјаноски, Никола Груевски, Ѓорге Иванов.

Ќе има промени и нова Влада. Ќе се спроведе Програмата на новата реформска Влада на унитарна Македонија. Ќе има живот за сите, правда. Иднината на Македонија се ЕУ и НАТО.

Најчитани вести