СДСМ плаќале и до 500 евра за глас од Албанците?

Народот уште еднаш го потсетува СДСМ дека е покуса за одговорот на прашањето дали се легнати огромни суми пари на сметки на физички лица од најтесното раководство на СДСМ и исто така дали се легнати огромни суми пари на сметки на правни лица блиски до Заев, СДСМ и Сорос?

Ако пред изборите прашувавме колку пари чини кампањата на СДСМ и кој сѐ ги финансира скапите партиски активности, освен невработените претставници на Шарената револуција кои се најдоа на избирачките листи, денеска, два дена по изборите, слободно може да се преформулира прашањето – со колку црни пари СДСМ ги купи албанските гласови, пишува Република.мк

zaev-albansko-zname-640x377

Неофицијално, „Република“ има информации, но се слушаат и сѐ погласни гласни шпекулации дека СДСМ за еден глас плаќал од 10.000 до 30.000 денари, претежно во албанските средини во Скопско (Арачиново, Сарај, Студеничани, Чаир и др.) и Тетовско (Танушевци, Зајас и Шипковица), односно во изборните единици 1, 6 и 2.

sdsm-albanski-520x347

Според официјалните податоци од гласачките места во околината на Скопје во средините што се населени со доминантно албанско население покажуваат дека значителен број етнички Албанци го дале својот глас за опозицијата. Вкупните процени се дека за опозициската партија гласале повеќе од 70.000 Албанци.

Простата математика кажува дека ако 70.000 гласови се искешираат со по 500 евра, само за албанските гласови СДСМ обезбедил преку 30 милиони евра, многу повеќе од парите предвидени и легални за кампања.

Дали таму каде што има чад има и оган со оглед на тоа што се шират информации дека на денот на изборниот молк, во саботата, Зоран Заев лично посетувал околу 20 албански села и населени места во Скопско и Кумановско и остварил средби со поранешни команданти на ОНА.

sdsm-albanci-1-520x293

Начинот и изворите на финансирање на СДСМ сѐ повеќе се наметнува како сериозно прашање на кое ќе мора да одговори Зоран Заев по изборите. А изборите поминаа.

Сомневањата дали Заев и СДСМ ја финансираа кампањата со легални или со црни пари наместо да се побијат по изборите во неделата стануваат сѐ погласни и сѐ позивесни.