СДСМ почна да го спроведува црното сценарио за дестабилизација на Македонија

Почна да се спроведува црното сценарио на Заев и СДСМ за дестабилизација на Македонија, пишува порталот „Прес24“.
Вечерва вандали од редовите на СДСМ и СОРОС ја нападнаа полицијата и ја демолираа фасадата и прозорците на вадата.
Реалноста за полицаецот за кого СДСМ лаже дека им се приклучил на демонстрантите е дека тој практично ја поминува безбедносната ограда за да испорача достава до надежните за што и бил задолжен. Веднаш потоа тој се враќа кај своите колеги. За срамот да биде поголем се погрижи Заев кој се обиде преку статус на Фејсбук да му се заблагодари на полицаецот и да продолжи да ги манипулира граѓаните.

Во јавноста никој нема дилема дека денешниот протест на СДСМ е долго планиран чекор на Заев кој за интересите на странските служби едноставно мора да испорача дестабилзиација на Македонија. Медиумите во повеќе наврати објавија дека целта на СДСМ и неговите налогодавачи е да се оди со насилно рушење на институциите. Токму тоа е и Пучот за кој лидерот на СДСМ е обвинет и за што веројатно го чека долга затворска казна.

Вечершниот протест според познавачите на состојбите само ги потврдува неговите намери. Според нив, Заев е подготвен да ја внесе државата во војна, како што го направи тоа неговиот претходник Црвенковски само за да дојде на власт.

Дека станува збор за активноста планирана најмалку 10 дена говорат серија факти:

Изминативе денови на големо се правеа списоци во штабовите на СДСМ во Скопје. Покрај партиските активисти на протестот се приклучија и навивачите на кошаркарскиот клуб „Работнички“ предводени од директорот на „Паркинзи Центар“ кој за своето дивеење беше приведен пред некој ден.

Доказ дека станува збор за сериозна подготовка говори и фактот дека уште пред да заврши прес конференцијата новинарите на СДСМ и СОРОС веќе ги објавуваа транскриптите од разговорите што е само уште еден доказ дека уште о претходно биле координирани.

Уште не заврши прес  конференцијата на порталите на СОРОС се појави банер со кој се повикуваше на протест.  Од претходно, порталот Нова ТВ сними интервју со братот на Мартин Нешковски и го објави веднаш по прес конференцијата, а содржината на бомата на Заев уште утрово ја најавуваа новинарите на СРООС.

Денеска стана јасно дека целта на партискиот протест на СДСМ и СОРОС кој се правеше обид да биде претставен како граѓански беше по секоја цена да се изнуди контакт со полицијата и да се предизвика инцидент. Информациите од терен говорат дека се повредени повеќе полицајци од кои еден има потешки повреди. Покрај тоа демолирана е фасадата на Владата и неколку прозорци, имот за кој платиле сите граѓани. Меѓу оние кои протестираа можеше да се видат стандардните лица кои се редовен декор на сите протести на СДСМ и СОРОС. Протестот не помина без Ана Павловска Данева, Софија Куновска, Бранко Геровски, Сафет Бишевац, Дејан Гацов, Дејан Гзе советникот од Центар, портпаролката на Жерновски Катерина Цаневска Арсовска, Ѓунер Исмаил и други.
За потсетување, СДМС се обидува да го спроведе сценариото за насилни протести и Пуч на легитимно избраната власта со случај за кој Игор Спасов е осуден на 14 години затвор.