СДСМ почна физички да ги напаѓа граѓаните што ја бранат Македонија (ВИДЕО)

Претседателот на ОО на СДСМ Куманово, во видно алкохолизирана состојба физички нападна учесници на маршот „За заедничка Македонија“. Имено, излегувајќи од штабот на СДСМ во Куманово (стар комитет), со тупаници се нафрлил врз две лица, од кои едниот бил качен на трактор и се враќал од маршот, притоа користејќи и вербални навреди како „Да ти е*у мајку македонску“!

Гневот и очајот во општинската организација на СДСМ кулминираа деновиве бидејќи огромен број кумановчани, меѓу кои и членови на СДСМ ја осудуваат политиката на Заев и неговото раководство, која е спротивна на националните и државни интереси.

Кумановчани, вклучувајќи ги и членовите на СДСМ се’ помасовно излегуваат на улиците во градот и бараат Заев да ја отфрли платформата од Тирана. Вечерашниот протест беше најмасовен досега.

Според информациите нападнати биле Раде Ц. и Николче М. од селото Пчиња. Како што објавија медиумите, напаѓачот е Мартин Костовски кој е приведен и откако бил алкотестиран било утврдено дека имал 1,42 промили алкохол во крвта.  Повредениот Николче М. моментално се наоѓа на интезивна нега по здобиените телесни повреди.