СДСМ почна со опструкциите: Не се согласува со предложените измени на Изборниот законик

На еден ден по постигнувањето на Договорот меѓу преговарачките групи, СДСМ почнува со опструкции на договореното, пишува порталот Пресс 24.

Како што дознава Press24 од собраниски извори, координацијата која пратеничките групи претпладнево ја имаа кај спикерот Вељаноски е прекинатата откако пратеничката група на СДСМ изразила несогласување со предложените измени во Изборниот закон кој вчера вечерта, вицепремиерот Никола Тодоров, согласно договореното и го испратил на заменик претседателката на СДСМ Радмила Шеќеринска.

Од политичките партии не се расположени за споделување детали со медиумите. Она што неофицијално може да се дознае е и дека СДСМ на денешната седница не дозволува да помине ниту еден од останатите закони кои беа договарани во последната преговарачка рунда.

-Нашите собраниски извори велат дека нов обид за координација ќе се направи денеска на пладне, до кога Вељаноски им дал рок на партиите да ги усогласат своите позиции околу измените во Изборниот законик и начинот на кој ќе биде донесен во Собранието, пишува порталот.

Пратениците на СДСМ по кој знае кој пат денеска го прекинаа бојкотот и повторно се вратија во Собранието.