СДСМ сега понизно и’ се додворува на ДУИ

Додоворувачкиот однос на СДСМ кон ДУИ е она што може да се забележи по големиот скандал на опозицискиот лидер Зоран Заев со пораките кои ги праќал до претседателот на ДПА, Мендух Тачи.

Извори во опозицијата за Нетпрес велат дека откако Тачи јавно го обелодени скандалот, Заев се одлучил да понуди поблиска соработка на ДУИ, нешто што официјално СДСМ досега и не го негираше. Нашите извори велат дека бидејќи сега веќе повеќе од очигледно е дека се упропастени сите изгледи за соработка со ДПА, Заев со слични методи и на еден многу понизен начин испраќа сигнали и понуда за соработка до ДУИ.

sms3A

„Дека СДСМ и’ се додворува на ДУИ јасно се гледа во насловите кои ги објавуваат медиумите блиски до опозицијата што упатува на извесно кохетиранје, нешто на што ДУИ, од друга страна, до сега стои рамнодушна. Тоа е така единствено поради фактот што и ним им е јасен победникот на овие избори, како и тоа кој ја ужива мнозинската поддршка кај гласачкото тело во земјава“, вели изворот од опозициските редови.

sdsm-duiA

 

Според него, членови на СДСМ сами брифирале дел од медиумите и на тој начин сакаат да издејствуваат поддршка од ДУИ. Па така, може да се прочитаат наслови во проопозициските медиуми дека ДУИ пред вториот круг од претседателските избори јавно ќе го поддржи Стево Пендаровски.

sdsm-duiA1

 

Исто така во последниот период составен дел од насловите присутни на интирент порталите блиски до СДСМ, се и промотивни текстови за активностите на ДУИ, кои за разлика од порано, сега ревносно се пренесуваат.

TElma

Засега информациите се дека ДУИ останува имуна и рамнодушна на ваквиот додворувачки однос, пред се’ поради фактот што и ним, според анкетите и информациите од теренот, им е познато дека ВМРО ДПМНЕ е извесен победник на изборите, а со тоа и надежта дека ќе треба да формираат влада токму со ова партија. И фактот што, ако би се случила соработка меѓу СДСМ и ДУИ, ВМРО ДПМНЕ нема да остане без свој одговор по изборите.

Nova

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.