среда, 24 мај 2017  |  Вести денес: 42

СКАНДАЛ: СДСМ постави осудени насилници во министерски фотељи

Република Македонија е веројатно единствената земја во Европа и во светот каде лице криминално досие може да помисли да се занимава со политика, а уште помалку да се надева на некаква висока државна функција

kiracovski

Последни вести

На обвинетиот Александар Кирацовски му се утврдува казна затвор во времетраење од 3 месеци, која нема да ја издржува ако за време од една година не стори ново кривично дело.

Ова е пресудата против новиот дополнителен министер за администрација и информатичко општество, Александар Кирацовски кој во Основниот суд Битола во 2001 година е прогласен за виновен за кривично дело „тешка телесна повреда“. Според пресудата, Кирацовски заедно со три други лица жртвата ја избоделе со нож во пределот на градниот кош од левата страна и на оштетениот му нанеле тешка повреда откако убодно-сечивниот дел навлегол во градната шуплина и го оштетил левото белодробно крило, објавува порталот „Курир“.

Освен оваа кривична пријава, Кирацовски е гонет и за уште едно сериозно кривично дело. Во 2003 година бил осомничен за „загрозување на безбедноста на сообраќајот од небрежност“.

Република Македонија е веројатно единствената земја во Европа и во светот каде лице со вакво досие може да помисли да се занимава со политика, а уште помалку да се надева на некаква висока државна функција.

Во Европа и во светот е така, но криминалното досие на Кирацовски не му пречело да напредува во хиерархијата на СДСМ и да ја стекне довербата на неговиот лидер Зоран Заев за да биде предложен за заменик министер. Последната партиска позиција му е Потпретседател на СДСМ.

Курир се обиде да ја истражи неговата професионална биографија, но за жал истата е попразна отколку криминалното досие. Работел на неколку проекти на УС АИД, а како работно место навел и „колумнист во Дневник“. Во однос на личните достигнувања, навел освоено 3-то место на спортски активности и освоени бројни награди освоени во име на КУД „Стив Наумов“-Битола.

Насилничкото досие на Кирацовски беше тема во медиумите и пред околу две години кога тие открија дека бил осуден на условна казна. Според прсудата до која дојде Курир, на 7-ми април 2001 година, Кирацовски пред кафе барот „Танга“ во Битола учествувал во тепачка во која едно лице е избодено.

Уште при изборот на Кирацовски за потпретседател на партијата, во јавноста се отвори моралната дилема, дали лице кое што учествувало во насилство со тешки телесни последици, било правосилно осудено за тоа, може да извршува ваква висока партиска и политичка функција.

Веднаш по предлогот на Кирацовски за заменик-министер, експертската јавност коментираше дека избраните кадри на Заев се некомпетентни со скандали и афери зад себе.Политичкиот аналитичар Александар Пандов рече дека наместо експерти, СДСМ и Заев понудиле осудени насилници и криминалци.

Страшно е сето тоа, реално очекувавме дека една партија која претендира кон тоа да биде владејачка партија да има барем неколку луѓе кои ќе ги понуди и ќе значат нешто со својот минат труд. Ние добивме полукриминалци или криминалци во обид, новиот заменик министер за информатичко општетство и администрација е човек кој е осуден за физичка пресметка во која имало повредени луѓе со нож. Човек да не верува дека од толкава партија не можеле ништо поквалитетно да изберат. СДСМ важеше за една градска партија, а добивме луѓе кои немаат работно искуство. Доказ дека СДСМ е крајно приватизирана партија на неколку луѓе, смета Пандов.

Досегашниот обид Кирацовски да им се наметне на Битолчани како перспективен кадар не помина. Тој како претседател на општинската организација на Битола претпре неколкукртани изборни порази што само говори за нискиот степен на доверба од страна на граѓаните. Сега истиот тој добива многу посериозна и поодговорна функција.

presuda-prva

presuda-vtora

presuda-treta

presuda-cetvrta

presuda-5

presuda-sest

Најчитани вести