СДСМ: Повисоката минимална плата од 12.000 денари ја отвара спиралата на покачување и на просечната плата

Со ребалансот на буџетот Владата предводена од СДСМ скрати финансиски средства предвидени за репрезентации, луксузни ручеци и службени патувања на функционерите, милионски реклами и скапи кампањи за рекламирање на Владата, како и други непродуктивни трошоци проектирани во Буџетот за 2017 од претходната расипничка власт на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението на владејачкаа партија

„На овој начин директно се ослободија пари со коишто државата финансиски ќе ги помогне фирмите да исплаќаат повисока минимална плата од 12.000 денари подеднакво за сите работници, вклучително и за работниците во текстилната и кожарската индустрија.

Зголемувањето на минималната плата на 12.000 денари за сите работници кои земаат минимална плата, директно ќе влијае на отворањето на спиралата на севкупното покачување на платите, што во перпсектива ќе значи и зголемување на нивото на просечната плата.

Првиот чекор кон таа цел, Владата предводена од СДСМ го направи со ребалансот на буџетот со кој обезбеди 6 милиони евра финансиска помош за фирмите, до крајот на годината, за да можат да исплаќаат повисока минимална плата од 12.000 денари на своите вработени.

Очекувањата се дека зголемувањето на минималната плата ќе влијае и на зголемување на личната потрошувачка на домаќинствата што позитивно ќе се одрази на работата на бизнисите и стопанството.

Граѓаните ја гледаат разликата, додека ВМРО-ДПМНЕ шири страв и вознемиреност преку лажни и непостоечки вести, СДСМ преку Владата што ја предводи обезбедува услови за повисоки плати и квалитетен животен стандард на сите граѓани“, се вели во соопштението на СДСМ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.