СДСМ повлече два приговори за изборни нерегуларности

Овластениот претставник на Коалицијата за живот на Македонија, предводена од СДСМ, пред почетокот на продолжението на седницата на Државната изборна комисија, повлече два од преостанатите четири неразгледани приговори за изборни нерегуларности, објави Макфакс.

Повлечени се приговорите за избирачко место 1984, како и за избирачко место 1983.

Со ова остануват да се разгледаат само уште два приговора.

ДИК расправа за приговорот за избирачко место 1978, за тоа што Избирачкиот одбор не ја спровел законито постапката на сумирање на податоците.

На ова избирачко место Избирачкиот одбор при сумирање на разултатите утврдил дека има вкупно 443 важечки гласачки ливчиња, а при доделување на гласовите на кандидатите утврдил дека има 442 гласа. Набљудувачот од СДСМ сметал дека неправилно е утврдена и бројката со сумирање на резултатите. Тој сметал дека бројот на ливчиња е 444 и инсистирал да биде внесена во записник неговата забелешка, што Избирачкиот одбор не го направил, па тој десет минути по полноќ поднел приговор директно до ДИК.