СДСМ повторно го напуштија ДИК откако ВМРО-ДПМНЕ им кажа да прочистуваат колку граѓани сакаат

Седница на Државната изборна комисија

Повторно излезе на виделина лагата на СДСМ за шрочистувањето на Избирачкиот список. Членовите на СДСМ повторно го напуштија ДИК откако ВМРО-ДПМНЕ им кажа да прочистуваат колку граѓани сакаат, пишува „Курир“.

Порталот пишува дека повторно излезе на виделина дека не се работи за постоење на фантомски гласачи, туку за страв од избори кај најголемата опозициска партија и соочување со народната волја.

Откако ВМРО-ДПМНЕ ја фрли ракавицата и се согласи да се проверат сите гласови за кои СДСМ тврдеше дека се сомнителни, тие повторно го напуштија ДИК, бидејќи немаа друг аргумент да ги кочат процесите. Ова е најдобар доказ дека се е во ред со Избирачкиот список, а постоењето на наводни фантомски гласови е само измислена приказна за да се одолговлекуваат изборите и одложи соочувањето со народот, пишува „Курир“.

Владејачката парија во соопштенија доцна синоќа изрази став дека поддржува секаква одлука на ДИК која ќе е донесена во согласност со Уставот, законите и меѓународните стандарди

Без разлика дали ДИК ќе одлучи да провери 35.000, 70.000, 100.000, 200.000, 500.000 или сите гласачи, СДСМ ќе ги изгуби следните избори, заради тоа што право на глас во Република Македонија имаат сите нејзини граѓани и тоа не може да им биде одземено. ВМРО-ДПМНЕ денес соопшти и останува на ставот да даде целосна поддршка за проверка на колку сакаат граѓани, ако ценат дека треба да се проверат и сите над два милиони жители ние немаме никаков проблем со тоа и тоа ќе го поддржиме, стои во соопштението.

ВМРО-ДПМНЕ, нагласуваат од партијата, ќе ја поддржи секоја одлука на мнозинството на ДИК, а во насока на транспарентно и темелно проверување на избирачкиот список.

За да не се стекне погрешен впечаток дека има било какво влијание врз одлуките на ДИК, ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да ги прифати сите можни одлуки што ДИК во поглед на проверката на Избирачкиот список ќе ги донесе. Доколку е неопходно нашите два члена не мора ниту да присуствуваат или да го користат своето право на глас во комисијата по однос на оваа точка, стои во соопштението.