СДСМ повторно со неуспешна тактика која им носи катастрофални резултати

Зоран Заев и Радмила Шекеринска продолжуваат со популистичката реторика на нивниот ментор Бранко Црвенковски, со лажни бројки да се удираат во гради, иако и самите знаат дека ваквиот пристап е испробан многу пати досега и истиот се покажал како многу неуспешен за социјалдемократите, објавува Курир.

Во обид да го залаже и мотивира своето членство и со цел да се внесе победничка перцепција во разнишаните редови, опозицијата многу пати досега изминативе години играше на картата на популизмот, обидувајќи се преку “удирање во гради“ и фалење на митинзи да внесе победничка еуфорија.

Сепак, низата примери од минатото покажуваат дека ваквата реторика најпрво на Бранко Црвенковски, а потоа и на Зоран Заев во пресрет на парламентарните избори во април годинава не донесе ништо ново за опозицијата, туку само нов пораз, секој потежок од оној претходниот, односно веќе проверена и неуспешна тактика.

На опозициските портали, по денешните протести на студентите кои беа поттикнати и организирани од СДСМ и СОРОС, повторно по козјнае кој пат можат да се видат еуфорични наслови и текстови, дека власта наводно е уплашена и е во паника. Реториката повторно е популистичка и еуфорична како некогаш.

-„Режимот е готов, заборавање и проштевање нема“, „Ако некаде ми се наполни душата, тоа ќе биде со победата во Прилеп“ „Црвенковски: Ќе ја консолидирам партијата и ќе победиме на наредните избори“, Пред аргументите боговите молчат, Груевски го фаќа паника“, „Власта во паника“, „Ќе ги поразиме во Прилеп како Барселона 5:0“, „Бидете сигурни дека ќе победиме“…

Ова се само дел од насловите пред локалните избори во 2013 година кои СДСМ катастрофално ги загуби. Дел од нив беа искажани директно од тогашниот лидер, Бранко Црвенковски, кој постојано се фалеше со голем одзив на митинзите, слично како и неговиот наследник Зоран Заев пред парламентарните избори.

-Ниту се уморивме ниту волја изгубивме, ниту се уплашивме, ниту се поколебавме, се повеќе не има. Секој ден сме се порешени и убедени дека ова за што се бориме е правилно“, вели лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски. Што повеќе глумат станува повидливо лудилото. Сакам да им порачам забаравање нема проштевање нема!!!, изјави Црвенковски непосредно пред локалните избори.

str500

На митингот во Струмица, одржан во јуни 2012 година, Црвенковски повторно со еуфорични изјави го залажуваше членството, упатувајќи порака дека “сигурно ќе победат“.

-Време е народот да се крене! Нека потечат реки од луѓе по улиците, нека се наполнат плоштадите, нека се види вистинската сила на македонскиот народ! Ова е битка за нашата иднина, ова е битка што мора да ја добиеме! Бидете сигурни дека ќе победиме!, порача лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, во својот говор на партискиот митинг во Струмица.

Заев и Шекеринска продолжија по стапките на Црвенковски, епилогот ист- катастрофален пораз

Промената на лидерското место во најголемата опозициска партија не ја смени реториката за залажување на членството. Заев продолжи по стапките на Црвенковски да го залажува сопственото членство создавајќи лажна еуфорија.

Исто како и тогаш, СДСМ и пред парламентарните избори, а последните примери покажуваат дека таа политика продолжува и сега, со цел да го залаже членството и да се залаже себеси, повторно излегува со еуфорични и сензационални изјави кои се веќе слушнати и видени, кои на најголемата опозициска партија и носеа само тешки порази кои народот им ги приредуваше на изборите.

noze500

-„Шекеринска: Власта е во паника“, „Шекеринска: Власта е нервозна зашто граѓаните ги прифаќаат мерките на СДСМ“, „Трибината во сабота во Прилеп го почна крајот на ВМРО-ДПМНЕ“, „Заев го крена Прилеп на нозе“…, пишуваа дел од опозициските портали во пресрет на псоледните парламентарни избори.

oanika

Ваквата помпа и еуфорија која постојано се обидува да ја создаде опозицијата и нејзините медиуми покажува дека таа не ја научила лекцијата од минатото, бидејќи после сите вакви тврдења дека „Груевски паѓа“, „власта е нервозна и во паника“, социјалдемократите се соочуваа со волјата на народот, а таа беше катастрофален пораз.

Гладна кокошка просо сонува- Героски пак го фаќа еуфорија и повторно манипулира

Опозициските портали финансирани од Фондацијата СОРОС секако секогаш се тука еуфорично и помпезно да ги пренесат ваквите изјави на првите луѓе на партијата. Изминативе години, еуфоријата често ги зафаќаше и нив, па така, уредникот на весникот „Слободен печат“ Бранко Героски во колумна објавена пред локалните избори пишуваше дека „Пред аргументите и боговтите молат, а Груевски го фаќа паника“. Ваквата еуфорија секако траеше до изборниот ден, кога волјата на народот покажуваше катастрофален пораз на СДСМ.

gero500

Героски денеска повторно го фаќа еуфорија по одржаните студентски протести. Во обидот да направи спин Плусинфо на Героски излезе со информација дека имало 18.000 студенти на протестот, но набрзо беше директно демантиран од никој друг, туку од свој близок колега.

Порталот на Борјан Јовановски Нова ТВ, кој исто така се финансира од СОРОС, директно го демантираше Героски истакнувајќи дека на маршот и покрај целокупната логистика на СДСМ и СОРОС, имаше само помеѓу две до 3 илјади лица, од кои најголем дел членови и активисти на СДСМ.

Плусинфо на Героски исто така остана запаметен по тешката манипулација дека наводно на протестите во Ѓорче Петров имало 50 тешко повредени, информација која излезе деча е комплетно неточна. И тогаш и сега поентата на Героски е една, правење манипулации и потттикнување тензии. И тогаш и сега Героски не ја говореше вистината.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.