СДСМ повторно со сценарио за инциденти во Собранието

Пратениците од СДСМ и понатаму продолжуваат да работат деструктивно, да се однесуваат дрско и недолично во Собранието на Република Македонија, пишува „Курир“.

Порталот нагласува дека и овој пат, пратениците од СДСМ во текот на вчерашниот ден во собраниската Комисија за образование, наука и спорт каде на дневен ред се наоѓа Предлог – законот за основање на нов универзитет за национална одбрана, безбедност и мир „Дамјан Груев“, по којзнае кој пат ја демонстрираа својата агресивност, дрскост и недолично однесување, како и непочитување на своите колеги и колешки пратеници, но и непочитување на Собранието како државна институција.

Димовски: СДСМ сака да го повтори сценариото за предизвикување на нови инциденти и нови кризи во Собранието

„Курир“ пренесува и дел од изјавата на координаторот на пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ Илија Димовски кој на денешната прес конференција во Собранието на Република Македонија истакна дека очигледно СДСМ сака да го повтори сценариото за предизвикување на нови инциденти и нови кризи во Собранието и дека СДСМ знаат да работат само кога создаваат проблеми и деструкции.

dimovski-ilija-640x357

СДСМ сака да го повтори сценариото за предизвикување на нови инциденти и нови кризи во Собранието на Република Македонија. Немаат аргументи, немаат програма, немаат идеи, но затоа навредуваат, затоа се закануваат, затоа поднесуваат илјадници глупави амандмани. Сакаат да креираат криза во Собранието, за да ја продолжат кризата која ја создадоа надвор од Собранието. СДСМ знаат да работат само кога создаваат проблеми, деструкции и криза, истакна денес Илија Димовски.

Димовски исто така додаде дека само присебноста и смиреноста на претседателката на Комисијата за образование, наука и спорт Олга Најденовска придонесе ова грубо однесување на СДСМ да  прерасне во физички напад.

Само присебноста и одмереноста на г-ѓа Најденовска придонесе дрското и грубо однесување на пратениците на СДСМ да не прерасне повторно во физички напад, исто онака како што СДСМ повеќе пати направи во ова Собрание, рече Димовски.