СДСМ прави фалсификати, а го обвинува Нетпрес дека фалсификувал

СДСМ

Опозициската СДСМ го обвинува Нетпрес дека фалсификувал извештај за потрошените пари на оваа партија за време на кампањата на последните парламентарни избори во земјава, документ кој тие самите го изработиле, а кој новинарите на Нетпрес го видоа на нивната интернет страница и оттаму го презедоа.

По објавувањето на текстот: „СКАНДАЛ: Финансиски малверзации на СДСМ – За реклами и пропаганда потрошиле 4 пати повеќе од тоа што пријавиле“, до редакцијата на Нетпрес пристигна реакција од СДСМ, со која тие го лажно го обвинуваат Нетпрес дека го фалсификувал документот, кој е објавен на веб сајтот на СДСМ.

Во реакцијата СДСМ врши притисок врз Нетпрес како медиум, со тоа што се заканува со тужба, ако во рок од три дена Нетпрес не им се извини за објавеното.

Редакцијатана Нетпрес го известува СДСМ дека нема никаква намера да се извинува за нивниот финаниски извештај, кој тие самите си го изработиле, а за кој постои веројатност дека е фингиран, најверојатно за да прикријат криминал со пари.

Воедно во реакцијата СДСМ наведува дека Нетпрес е портал на Никола Груевски, нешто што воопшто не е точно.

Но, очигледно водејќи се од праксата дека нивниот лидер, Зоран Заев, кој е аболициран криминалец, обвинет за финансиски криминал тежок неколку милиони евра, градоначалник кој е фатен на дело како бара поткуп, а со тоа докажува дека не е ништо повеќе од еден корумпиран аболициран криминалец, и човек поврзан со фирми кои извезуваа отровна храна од Македонија и беа фатени во Хрватска, и човек чии роднини се осудувани за неплаќање данок на државата, има под своја контрола медиуми и интернет портали, а оние кои не ги контролираат веднаш ги сметаат дека се на Никола Груевски.

Извештаите на СДСМ може да се погледнат на следните линкови:

Финансиски извештај за период од 10 до 30 ноември 2016 година

Финансиски извештај за период од 1 до 9 декември 2016 година 

Во прилог ја објавуваме реакцијата на СДСМ до јавноста:

Порталите на Никола Груевски не можат со лажни вести да го покријат неуспехот на Груевски да состави Влада.

Потралот Нетпрес објави лажна вест, со таканаречен документ што не постои.

Укажуваме дека порталот Нетпрес со тоа направил фалсификат што е кривично дело!

Во прилог на ова соопштение е лажниот документ од којшто со голо око може да се види дека станува збор за допишан текст со сино, што е класичен фалсификат.

Измислица е дека станува збор за вкупен финансиски извештај на СДСМ за изборната кампања.

Вкупниот финансиски извештај СДСМ и Коалицијата ќе го достават по затворањето на трансакциската сметка, како што е предвидено во Изборниот законик.

Согласно член 71 став 6 од Изборниот законик, трансакциската сметка се затвора во рок од 3 месеци од денот на објавување на конечните резултати, што значи до месец март, 2017 година. По затворањето на сметката, СДСМ ќе го поднесе вкупниот извештај, за кој согласно ИЗ има рок од 30 дена.

СДСМ и коалицијата досега имаат поднесено два финансиски извештаи и имаат потрошено онолку средства колку што е наведено во извештаите на денот на нивното поднесување, согласно законските прописи и Изборниот законик.

СДСМ ги почитува законите, а финасиските извештаи на партијата редовно се анализирани од Државниот завод за ревизија.

Бараме порталот Нетпрес и медиумите коишто го пренесуваат овој класичен фалсификат и лажната вест да се извинат во законскиот рок од 3 дена. Во спротивно ќе поднесеме тужба.

Нетпрес бара од СДСМ јавно да се извини за лажењето дека Нетпрес објавува фалсификувани и лажни вести, во рок од три дена, а ако тоа не го сторат, тогаш ќе биде поднесена тужба против нив.

Финансиските извештаи на СДСМ за изборната кампања се објавени и на интернет страницата на Државниот завод за ревизија.