СДСМ го избра за спикер Талат Џафери, маса народ се упатува кон Собранието, за одбрана на државата

СДСМ и албанските партии во моментов прават државен удар поставувајќи измислен претседател на Собранието, пратеникот на ДУИ, Талат Џафери, обвинија од партијата ВМРО-ДПМНЕ, а истовремено пред парламентот се зголемува толпата граѓани коишто бараат отфрлање на ткна Тиранска платформа којашто е услов челникот на социјалдемократите Зоран Заев да биде назначен за мандатар на новата влада, како и распишување нови парлемтарни избори, а многумина влегоа во Собранието.

Сосема спротивно од Деловникот и собраниските процедури, без точката да биде ставена на гласање, СДСМ и албанските пратеници поставија измислен претседател на Собранието, Талат Џафери,

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ извикуваа „Ова е пуч“. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски ги охрабрува граѓаните дека ВМРО-ДПМНЕ нема да го напушти Собранието и нема да дозволи спорведување на Тиранската платформа.

„Тука сме во Собрание, сплотени, одлучни и решителни за одбрана на химната, Уставот, и изборната волја на граѓаните на Македонија“, порача.

Пратениците од СДСМ почнаа со најавите дека насилно ќе гласаат за нелегитимен претседател на Собранието, кршејќи го Деловникот и процедурите.

Пратениците од оваа партија, придружени од пратениците од албанските партии почнаа да скандираат во собрание и да повикуваат на гласање. Дел од пратениците се собраа и пред говорницата и кај местото на Трајко Вељаноски.

Додека СДСМ повикуваше на гласање, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ почнаа да ја пеат македонската химна и да повикуваат на избори.