петок, 9 декември 2016  |  Вести денес: 90

СДСМ прави списоци кој ќе гласа за нив на избори

Граѓаните сведочат дека за возврат за нивниот глас на избори им било ветувано вработување и други услуги.

sdsm

Поврзани вести

Активисти и членови на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија прават списоци со граѓани кои засигурно би гласале за нив на претстојните предвремени парламентарни избори на 11-ти декември, тврдат граѓани кои биле контактирани токму од луѓето на опозициската партија. Граѓаните сведочат дека за возврат за нивниот глас на избори им било ветувано вработување и други услуги.

Скопјанката која овие информации ги објави на социјалната мрежа Фејсбук пишува:

Само што дознав дека мои (нај)блиски луѓе штотуку биле контактирани и од нив било побарано да потврдат дека ќе гласаат за СДСМ на следните избори, со ветување дека партијата ќе се грижи за нив ако им треба помош при вработување, со реновирање на станот, со нивата, со приватниот бизнис или било што. Брееј. Списокот го правел некој кој за себе вели дека е високо во партијата и мора да направи список од одреден број на луѓе (не го дознав бројот, се извинувам), за да го вработат, затоа што сигурно ќе победеле на изборите во декември. Објаснувајќи го моделот, дури и сам кажал: „знајш, слично како ВМРО шо праеше“. А тој знае најдобро, истото го правел и за ДПМНЕ. А во меѓувреме, „револуцијата“ наместо да се бори за промена на автократско-клиентелистичкиот начин на владеење, се бори против ВМРО-ДПМНЕ, а за СДСМ-ДПМНЕ. Ги живееме најлошите денови од историјата на независна Македонија. Ставени во ситуација да го туркаме режимот, за да дојди ист таков на власт, само со различна боја на партиско знаме.

spisok1

Во коментарите под оваа објава и други граѓани потврдуваат дека се соочиле со слична ситуација. Жител на Куманово тврди дека опозициската партија со оваа пракса на правење списоци со граѓани кои сигурно би гласале за нив почнале уште пред последните избори.

„Значи ова не е лага, од прва рака потврдувам дека и СДСМ ја користи истата тактика. Завчера првиот комшија ми дојде на врата, за да “ме стави на списокот”. Нема зошто да се сомневам дека е ова ујдурма на ВМРО, зашто човекот е еден од најактивните членови на СДСМ. И јавна тајна е во Куманово дека СДСМ масовно го “запишува” народот. Она што мене ме чуди е што допрва сега ја актуелизирате оваа појава. СДСМ почна со ваквата тактика уште на минатите избори. Барем мене тогаш прв пат ме контактираа, телефонски, оти виделе на ФБ дека сум против ВМРО (што значи дека по дифолт сум за СДСМ). А можеби ќе се најде некој да посведочи дека вака правеле и за предминатите избори“, пишува жител на Куманово.

spisok2Лицата кои биле контактирани од активисти на СДСМ за да бидат запишани на списокот со сигурни гласачи ги отфрлаат можностите дека се работи за подметнување од страна на ВМРО ДПМНЕ или друга ривалска партија на опозициската СДСМ, велат се работи за лица кои долго ги познаваат и кои со години се лојални членови на Социјалдемократскиот сојуз.

spisokОд опозициската партија засега нема ниту демант ниту потврда за овие информации за кои наголемо се пишува и коментира на социјалните мрежи.

Најчитани вести