СДСМ предлага апсурдни решенија за да ја изигра дијапората

СДСМ предлага апсурдни решенија за да ја изигра дијапората
СДСМ предлага апсурдни решенија за да ја изигра дијапората

Компаративните искуства покажуваат дека најголемата опозициска партија СДСМ предлага апсурдни решенија со кои сака да ја изигра дијаспората. Дополнително, со тоа прави проблеми и во запазување на другите рокови прецизирани со договорот од Пржино како што е објавувањето и именување на министри и заменици на министри, пишува порталот „Курир“.

СДСМ освен тоа што сака суштински дијаспората да ја остави без своите претставници, таа тоа сака да го направи преку нејзина манипулација и изигрување. Формално СДСМ се залага пратениците од дијаспората да се бираат според просечниот број на гласови за кој се избира пратеник во Македонија, но суштински и остварено во пракса значи дека тие ќе останат без пратеници.

Реалноста е дека и во Македонија пратениците од 6-те изборни единици се избираат според различен број на гласови, па излегува дека ако просечниот број на гласови со кој се избира пратеник во Македонија е 7.200, СДСМ сака пратеникот од дијаспората да се избира со повеќе гласови од било кој пратеник од 5-тата и 6- тата изборна единица.

СДСМ сака пратеникот од дијаспората да тежи повеќе гласови од пратеник кој ги покрива Битола, Охрид, Струга, Кичево, Ресен или пратеник од Тетово, Гостивар, Дебар. Тоа е принцип кој е преседан, а тоа го покажуваат и компаративни искуства кои говорат дека пратениците од дијаспората се избираат со помалку гласови од матичната земја.

Во Франција пратеник во земјата се избира со 46.194 гласови, додека пратениците од дијаспората се избираат со помалку од пола гласови од матичната земја односно,  20.286 гласови. Во Хрватска пратеник во земјата се избира со 17.000 гласови, а додека просекот за избор на пратеник од дијаспората е помалку од половина, односно  7.000 гласови. Во Романија пратениците се избираат со 19.729 гасови, а пратениците од романската дијаспора се избираат со помалку гласови, односно 15.220 гласови.

СДСМ е против дијаспората зашто таа не гласа за неа

СДСМ е против дијаспората зашто таа не гласа за неа
СДСМ е против дијаспората зашто таа не гласа за неа

СДСМ е против дијаспората затоа што не гласа за опозициската партија, што е недeмократско однесување и претставува ставање на партиските пред државните интереси. Со ваквото небулозно однесување на СДСМ не само што се наштетува на дијапората, туку прави проблеми и во запазување на другите рокови прецизирани со договорот од Пржино како што е објавувањето и именување на министри и заменици на министри.

Поставувањето на министрите за внатрешни работи и труд и социјална политика е предвидено во пакет со замениците- министри со право на вето, за кои е потребно измена на  закон. Тој закон уште не е почнат да се дискутира поради заглавеноста со ирационалните барања на СДСМ во законот за избори, каде освен изигрување на дијаспората, СДСМ поддржа бадинтер во одлучувањето на ДИК и се откажа од активна регистрација на гласачите со замена на други половични решенија.  Сето тоа чини време, а роковите течат. СДСМ меѓу другото се уште ги нема објавено и понудено ниту своите персонални решенија за министри и заменици министри.

Ваквото однесување на раководството предизвикува жестоки тензии и поделби во членството и пониските органи на СДСМ, кои забележуваат дека покрај тоа што водат антидржавна политика, Заев и Шекеринска водат и анти СДСМ политика. Тоа според партиски извори е главен муабет во опозициската партија.  Заев и Шекеринска со своето неколкумесечно штетно однесување драстично ја губат поддршката на народот. СДСМ е на ниски гранки и тенок мраз, немаат никаква поддршка, ниту пак шанса, бидејќи според сите анкети поразот кој им следува ќе биде убедлив.

 

Поврзани вести:

Договор за гласањето на дијаспората сеуште нема