СДСМ: Преку одговорното управување со парите на граѓаните, Владата ги намалува долговите што ги направи ВМРО-ДПМНЕ

Не постои поголемо и поштетно задолжување од она што ВМРО-ДПМНЕ им го правеше на граѓаните во изминатите 11 години кога парите од скапите, неконтролирани и тајни задолжувања се трошеа на луксуз, лажен барок и криминални тендери, реагираат од владејачката СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно во понеделникот ВМРО-ДПМНЕ во соопштение за медиумите објави дека Владата предвоведен од СДСМ за изминатите 70 дена од нејзиното доаѓање на власт „секој ден државата по основ на државни хартии од вредност се задолжува за 1,5 милион евра, за секој поминат час се задолжува за 62.500 евра додека секоја одмината минута задолжувањето изнесува 1.050 евра“ и оти министерот за финански Драган Тевдовски за двав ипол месеца успеал да го задолжи „секој македонски граѓанин за нешто над 3.100 денари, односно 50 евра“

„За разлика од таквиот расипнички пристап (на ВМРО-ДПМНЕ), Владата предводена од СДСМ преку одговорни политики, ги рационализира трошоците, транспарентно управува со долгот, а парите ги насочува кон граѓаните. Само во првите два месеца од мандатот на новата Влада вратен е долгот кон Дојче Банка во висина од 77,3 милиони евра, а јавниот долг е намален за 31,4 милиони евра во однос на првиот квартал“, тврдат од СДСМ.

Во реакцијата се изразува увереувње дека новата влада „продолжува одговорно и транспарентно да управува со парите на граѓаните“.

„Македонија оди напред, политиките во економијата носат придобивки за граѓаните, стопанствениците и државата и ставаат крај на енормното трошење на државните пари за остварување на лични и партиски интереси“, велат уште од СДСМ.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.