СДСМ преку СЈО тргна во потера против Груевски

Оркестрираната громогласна најава ден претходно на денешната прес-конференција на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) даваше да се насети дека овој по сопствен избор „првен“ инструмент на СДСМ ќе тргне во најдиректна пресметка со најголемиот опонент на социјалдеморкатите

Специјалното јавно обвинителство најави дека ќе побара замрзнување на имот на ВМРО-ДПМНЕ за кој утврдиле дека е наводно е предмет на кривично дело, односно, како што објаснија од таму, бил стекнат со средства што наводно потекнуваат од кривично дело.

„Во рамки на предистражната постапка, утврдивме дека партијата стекнала недвижен имот кој не се користи за партиски цели. Станува збор за објекти на кои нема партиски обележја, како за имот кој не претставува објекти, туку ниви, пасишта…“. изјави специјалната јавна обвинителка Ленче Ристоска, во однос на истражната постапка за наводно „нелегално финансирање на ВМРО-ДПМНЕ и перење на пари“ од страна на партијата, насловена како „Талир“. Таа не можеше да каже прецизно за колку квадратни метри партиски имот ќе бараат замрзнување, меѓутоа посочи оти се работи за поголем обем на имот, кој се содржи во 12 барања.

Меѓутоа, она што остави недосмислен впечаток во толкувањето на Фетаи на случајот беше обидот, неколкупати апострофиран, да се испрати и скриена порака до членството на ВМРО-ДПМНЕ, дека средства кои оделе во партијата, како донации, па и членарините, биле наводно искористени од поединци.

Истата цел е и во другата истрага „Тратекторија“ која се води против четири лица, однсоно поранешни високи владини функционери кои во втората половина на 2012 и 2013 а во врска со изградбата на автопатот Миладиновци – Штип и Тетово – Охрид, со што нанеле штета на буџетот од 155 милиони 117 илјади 172 евра и за истиот износ и овозможиле на компанијата изведувач да се стекне со имотна корист. Според Фетаи, СЈО наводно под коишто проилзегувало дека четирите службени лица во изборот на компанија изведувач ја избегнале процедурата за избор на кинеската влада и на ЕКСИМ банка како заемодавач. Изборот требало да го направат според домашното законодавство и ќе достават документација до кинеската влада којашто, пак, ќе ја достави до кинеските компании за кои постои регистар. Но. според тврдењето на СЈО,  тие спротивно на процедурата ги доставиле до кинеските компании. Во јануари 2013 тројцата осомничени поттикнати од првоосомничениот започнале разговори со првата компанија, иако втората компанија доставила документација за пониска понуда, која не била земена предвид. Таа понуда наводно ја сокриле и парафирале текст за изградба за автопатите Миладиновци – Штип и Тетово – Охрид со компанија која имала поскапа понуда. Осомничените со тоа сториле злоупотреба на службената положба

Ова многу јасно укажува дека целта на овој случај е дикретно политички фактор кој со своите 51 пратеник во Собранието ја има најголемата парламентарна група. Исто така, недвосмислено е дека овој громогласно најавуван случај е насочен кон лидерот на најголемата партија во земјата, Никола Груевски, кој од идејните творци на СЈО и на изборниот инженеринг очигледно е детектиран како најголема закана за остарувањата на нивните замисли за редифинирање на земјата.

Меѓутоа, бидејќи е изминат подолг период и многумина можеби и не се сеќаваат кога СДСМ беше во позиција да манипулира со инструментите на државата, не е на одмет да се потсети дека и во 2002 година ВМРО-ДПМНЕ, исто така, беше цел на слична истрага и на пропагандната машинерија за нејзиното финансирање .

Но, исто така, треба, барем налогодавачите на сегашната хајка – проследена со обидите, како и сега, партијата однатре да се подјаде преку креирање лажни слики и употреба во улога на „корисни идиоти“ на политички инфериорни персони со нескротливи амбиции несообразени со нивните капацитети – да се потсетат дека токму ваквите потези придонесоа за поголема хомогенизација на ВМРО-ДПМНЕ.

А граѓаните, исто така, треба да се потсетат што во тие четири години СДСМ стори за нив, освен што ги гонеше вештерките. За што впрочем и ја загуби власта без борба по само четири години и никогаш повеќе во следните единаесет циклуси не успеа да победи. Како впрочем ниту на 11-ти декември. И сега, како и тогаш, единствената функција на ваквите јавно објавувани потерници против политичките противници, беше да се прикрие сопствената неумешност во раковдење со државата и сопствените манипулации во финансиите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.