сабота, 3 декември 2016  |  Вести денес: 0

СДСМ призна, па по него МВР го обелодени инцидентот со телохранителот на Заев

Прашањето кое денеска си го поставува струмичката и цела македонска јавност е како може Трајков, човек кој е лично обезбедување на градоначалникот, да е недостапен за полицијата и до кога тоа полицијата на чело со Спасовски ќе ги сокрива своите силеџии и ќе им дозволува непречено и неказнето да дивеат и сеат страв во струмичко.

g-1-520x325

Последни вести

Откако под притисок на медиумите СДСМ и техничкиот министер Оливер Спасовски не успеаја да го прикријат големиот инцидент во кој учествувал негов бодигард, опозициската партија го призна насилието и соопшти дека лицето ќе било отстрането од придружбата на Заев.

-Во врска со информациите за евентуална инволвираност во инцидент на Александар Трајков, едно од лицата од придружбата на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, соопштуваме дека споменатото лице било приватно излезено во Струмица, додека претседателот Заев присуствувал на партиски активности во Охрид. Посоченото лице ќе биде отстрането од придружба на претседатателот Заев на определно време, во исчекување на наодите во МВР, соопштија попладнево од СДСМ.

Насилството и хаосот кое го предизвикало личното обезбедување на Заев, генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски се обиде да го прикрие, па случајот со Александар Трајков не беше наведен во редовниот билтен на МВР испратен до медиумите. Сепак, откако Спасовски увиде дека инцидентот не може да се прикрие, попладнево МВР испрати официјално соопштение за инцидентот.

priz

-Министерството за внатрешни работи во врска со настанот кој се случи пред кафе барот „Платиниум“ во Струмица во раните утрински часови, а кој беше уредно пријавен во билтенот на МВР во 7:45 часот, ја известува јавноста дека во тек е постапката за расветлување на истиот, сослушување на сведоци и преземање на сите неопходни мерки за утврдување на околностите во кои се случил настанот и одговорноста на учесниците. МВР ја уверува јавноста дека сите неопходни постапки се одвиваат максимално професионално, со почитување на законските и подзаконските одредби и апсолутно е исклучено било какво политичко или партиско влијание како резултат на партиска припадност на некој од учесниците во настанот. Во моментот кога ќе бидат утврдени сите елементи од настанот, јавноста ќе биде известена и ќе бидат преземени неопходните законски дејствија, стои во полициското соопштение.

Прашањето кое денеска си го поставува струмичката и цела македонска јавност е како може Трајков, човек кој е лично обезбедување на градоначалникот, да е недостапен за полицијата и до кога тоа полицијата на чело со Спасовски ќе ги сокрива своите силеџии и ќе им дозволува непречено и неказнето да дивеат и сеат страв во струмичко.

 

Најчитани вести