СДСМ продолжува со навреди, овој пат ја нарече Македонија „банана држава“ од собраниската говорница

СДСМ продолжува со континуираните напади и навреди врз сопствената држава. Последно од серијата навреди се случи денес во Собранието на Република Македонија каде што пратеникот од СДСМ Томислав Тунтев, Република Македонија ја нарече „банана држава“.

На оваа навреда од страна на Тунтев, реагираше Координаторот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски кој што побара од пратеникот да се извини за ваквиот говор и посочи дека ваквото однесување на пратениците од СДСМ е едно од најниското деструктивно однесување и пресилна квалификација за сопствената држава.

Господинот Тунтев искажа дека вакви држави како нашата кои што се банана држави е пресилна квалификација за сопствената држава. Мислам дека во залетот и занесот на деструкцијата на таканаречената платена певолуција треба да внимава какви говори употребува за сопствената држава посебно заради тоа што таа таа асоцијација на која што се повика е платена со пари од Панама заработени со трговија со оружје. Врз база на тоа сопствената држава да ја нарекувате банана држава посебно во Собранието на таа држава е пониско од најниското деструктивно однесување на било кој пратеник. Мене ми е многу жал што господинот Тунтев во еден занес тоа го направи, од него најмалку очекував и се надевам дека ќе искористи прилика се извини за таквото нарекување на Република Македонија но, би ве замолил и вас претседателе Вељановскидоколку има во иднина навреди за државата да реагирате навремено, посочи Димовски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.