Како СДСМ ги добил просториите на седиштето на партијата?

По оваа изјава на премиерот Груевски координаторот на пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ, Илија Димовски побара СДСМ да го врати објектот на Министерството за образование, а вети дека Владата веднаш ќе го реконструира објектот во студентски дом.

Димовски: СДСМ да го врати објектот за да биде адаптиран во студентски дом
Димовски: СДСМ да го врати објектот за да биде адаптиран во студентски дом

Еве јас на пример не сум знаел досега дека седиштето на вашиот објект е сместено во простории на Министерството за образование и барам од вас утре да го вратите објектот и веднаш владата тој објект да го реновира, да го реконструира во студентски дом, рече Димовски.

Димовски ги замоли СДСМ, доколку навистина им е до студентите, тој објект да го вратат на Министерството за образование, а како што рече, Владата веднаш ќе биде обврзана тој објект да биде адаптиран во студентски дом уште годинава.

Дополнително Илија Димовски од СДСМ побара и да ја платат киријата која Министерството за образование ја плаќало во период од 20 години во кои било сместено во туѓи простории, бидејќи нивните биле одземени од државата раководена од Сојузот на комунисти и ги доделила на – Сојузот на комунисти.