Политика

СДСМ против носењето на 112 закони по скратена постапка

СДСМ против носењето на 112 закони по скратена постапка

Очигледно за власта на Никола Груевски не важи ни Деловник, ни препораки од Европската комисија, ни интересот на Република Македонија, кога е во прашање тесно-партискиот интерес, вели пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски негодувајќи поради ставањето на 112 предлог закони на дневниот ред во Собранието кои треба да се донесат по скратена постапка.

„Затоа прашуваме кога е искрен Трајко Вељаноски како претседател на Собранието на РМ, тогаш кога кажа дека носењето закони по скратена постапка е лошо или денеска кога повторно става закони на дневен ред по партиска задача? СДСМ бара ВМРО-ДПМНЕ да каже што е итно во над 100-тината закони што ги носи по скратена постапка. СДСМ во своите мерки предвидува сосема поинакво практикување на власта. Носење на законите со широка експертска и политичка дебата“, вели Спасовски.