Тодоров: Токму СДСМ е партијата која работи на одолговлекување на преговорите

Токму СДСМ е партијата која работи на одолговлекување на преговорите и оневозможување на доаѓање до договор, односно компромисно решение, истакна министерот за здравство Никола Тодоров во дневникот на Сител, по обвинувањата на претседателот на СДСМ Зоран Заев дека владејчаката партија купува време во процесот на преговори.

Тој рече дека веројатно тоа е факт дека се одолговлекуваат преговорите, но дека не точно оти за тоа е виновен ВМРО-ДПМНЕ.

Наш став е дека токму СДСМ е партијата која работи на одолговлекување на преговорите и оневозможување на доаѓање до договор, односно компромисно решение. Веројатно позади тоа стои стравот од претстојните избори, односно стравот дека ќе загубат на претстојните избори. Тактиката е секогаш кога има некои конструктивни предлози од ВМРО-ДПМНЕ тие се прифаќаат, но доколку има поголем број такви и се гледа дека работата оди на добро, тогаш се дава некој предлог кој не е рационален и однапред се знае дека не е прифатлив за никого, вели Тодоров.

Повеќе погледнете во видеото во продолжение.