СДСМ сака да ги спречи и студентските избори преку свои платеници

Платениците на СДСМ продолжуваат со агендата за уништување на демократијата.  Лидерите на СДСМ-овскиот пленум кои се дел од платеничката револуција на опозицијата сакаат да ги спречат и легитимните избори за нов студентски лидер, пишува „Курир“.

ivana-tuf-1-640x426

Порталот пишува дека СДСМ преку платениците сака да го спречи изборот на нов студентски лидер.

Лидерите на сдсмовскиот пленум ја одработуваат платеничката агенда на опозицијата, а меѓу најистакнатите може да се забележи Ивана Туфегџиќ, која е член на младината на СДСМ и многу блиска до раководството на партијата за што потврдуваат и овие фотографии со лидерот Зоран Заев и неговата заменичка Радмила Шекеринска, наведува „Курир“.

ivana-t

СДСМ сака едноумие и исто како и парламентарните сега сака да ги спречи и студентските избори. Токму поради ова, утрово на влезот на кампусот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје осамна платно на кое пишува „Само СДСМ, Соросовиот Пленум и Папуа Нова Гвинеја спречуваат избори“.

viber-kom640

Во медиумите утрово се појави фотографија од пресретната комуникација помеѓу членови на СДММ, која открива обид за минирање на изборите за нов студентски лидер, односно по наредба на потпретседателот на СДММ Дарко Каевски да се даде поддршка на таканаречениот пленум.

kaevski

Токму Дарко Каевски, потпретседателот на СДММ можеше да се забележи при обидот на студентскиот пленум да спречи избор на нов ректор на УКИМ пред неколку дена.

ivana-tuf-3

Инаку, гласањето за нов студентски лидер започна утрово во 9 часот и ќе трае до 16 часот. На 23 факултети од скопскиот универзитет се поставени изборни кутии, во кои студентите го оставaат својот за глас за еден од двајцата пријавени кандидати за позицијата претседател на Студентскиот парламент на УКИМ.

Стефан Василевски, кој ја има поддршката од шест матични студентски парламенти е едниот кандидат, додека неговиот конкурент е Давор Поповски, студент на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНKИ), зад кого застанаа седум матични студентски парламенти.