СДСМ се налути зошто мнозинството граѓани не ја поддржува

Лутината и  нервозата на СДСМ зошто мнозинството на народот не мисли како оваа партија, произлегува од бројките на ИРИ објавени денеска, каде се покажува дека премиерот Никола Груевски е дури за 6 пати повеќе популарен од Заев.

Најголемата македонска опозициска партија, СДСМ, испрати штуро соопштение кое е реакција на анкетата на американскиот републикански институт ИРИ, кое не се разликува многу од претходното кое беше испратено за претпоследната анкета каде исто така беше констатирано дека огромното мнозинство не ја поддржува СДСМ, односно дека ВМРО-ДПМНЕ и понатаму е партијата со најголема доверба кај народот, пишува Курир.

СДСМ во денешното соопштение се правда дека граѓаните биле заплашувани од власта и затоа не го кажувале своето реално мислење, но СДСМ намерно изостава да каже дека анкетата на ИРИ била теренска, односно добиеното мислење од граѓаните е прибавено при личен контакт со спроведувачите на анкетата.

Во таков случај, сосема е бледо правдањето дека граѓаните биле заплашени или под притисок, особено ако се знае дека СДСМ загуби убедливо и при најреалната анкета односно изборите кои се случија само пред 10 месеци, каде разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ беше над 200 илјади гласови, а граѓаните гласаа тајно.

Инаку, лутината и  нервозата на СДСМ зошто мнозинството на народот не мисли како оваа партија, произлегува од бројките на ИРИ објавени денеска, каде се покажува дека премиерот Никола Груевски е дури за 6 пати повеќе популарен од Заев, односно 18 спрема 3 отсто.

Според последната анкета на ИРИ, ВМРО-ДПМНЕ убедливо води со 26% доверба меѓу граѓаните, наспроти политичкиот опонент СДСМ во кого веруваат само 10% од анкетираните.  Интересно е што СДСМ е на третото место според довербата во политичките партии бидејќи во ДУИ веруваат 11% граѓани, наспроти ДПА во кого доверба имаат 5%.

Меѓу лидерите на политичките партии премиерот Груевски е со убедливо најголема доверба. Во него веруваат 18% од анкетираните граѓани, наспроти Заев кој има доверба кај само 3% од народот. Заев е последен меѓу политичките лидери бидејќи пред него се и Ахмети со 7% и Тачи со 4% доверба.

На прашањето кој подобро би се справил со корупцијата за ВМРО-ДПМНЕ доверба дале 29% а за СДСМ само 6%. Политиката на ВМРО-ДПМНЕ за прашањето за името ја одобруваат 28% наспроти онаа на СДСМ во која веруваат само 11%.

28% од граѓаните одговориле дека ВМРО-ДПМНЕ води добра политика кон НАТО и ЕУ наспроти СДСМ за кого истото го сметаат 12% од граѓаните. 29% наспроти 9% е предноста на ВМРО-ДПМНЕ кога станува збор за обезбедување на владеењето на правото, а во областа на безбедноста предноста на ВМРО-ДПМНЕ е 33% наспроти 10% за СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ убедливо води и на прашањата од меѓуетнички карактер во сооднос 28% наспроти 6%. Водство на партијата на Груевски и во водењето на локалната самууправа во сооднос која надминува 3:1, односно 33% за ВМРО-ДПМНЕ наспроти 9% за СДСМ и Заев кој е градоначалник на Струмица

Големо водство на владејачката партија и кај она што најмногу ги интересира граѓаните, решавање на прашањето на невработеноста. Огромни 32% имаат доверба во Груевски и ВМРО-ДПМНЕ наспроти само 9% кои го поддржуваат СДСМ.

На прашањето која партија е најактивна во населените места резултатите се следни: ВМРО-ДПМНЕ 52%, СДСМ 7%, ДУИ 16% и ДПА 5%

Граѓаните со најголема поддршка на ВМРО-ДПМНЕ и на прашањето која партија најнапорно работи за граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ 32%, СДСМ 9%, ДУИ 12% и ДПА 5%.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.