СДСМ се пазареше за своите интереси на сметка на државните

СДСМ се пазареше за своите интереси на сметка на државните, тие јасно се против дијаспората да има свои претставници и се откажа од активна регистрација.

СДСМ со антидржавно однесување каде прединство и дава на своите лични интереси за сметка на државните и интересите на сите граѓани, за нив преку ноќ исчезнаа фиктивните гласови за кои постојано обвинуваа дека постојат во избирачкиот список, и се откажале од нивното барање за активна регистрација со цел да ја добијат поддршката од албанските партии.

Како што брифираат извори од преговорите за Нетпрес, СДСМ се испазариле со ДУИ и го подржале за да се одлучува со бадинтер во ДИК при што најважна ќе биде етно политиката а не фактите, а ДУИ ја подржала СДСМ дијаспората да нема свои пратеници. СДСМ се откажа од дијаспората.

СДСМ веќе неколку години ги оспорува изборните резултати врз основа на според нив наводно фиктивни 150.000 гласачи во избирачкиот список. Како единствено можно решение за ова прашање Заев пред неколку месеци ја понуди активната регистрација, што подразбира неколку недели пред изборите секој запишан гласач да мора задолжително лично да се пријави дека ќе гласа на изборите во Април 2016-та.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ја подржа оваа иницијатива бидејќи нема што да крие и е сигурна во веродостојноста на своите гласачи и на повеќегодишниот целосен увид на јавноста во избирачкиот список. Но, на ваквиот предлог на СДСМ се спротивставија од ДУИ и ДПА, со загриженост дека со активна регистрација добар дел од нивните гласачи нема да бидат лоцирани на адреси во Македонија, туку со постојано живеалиште во странство и тоа ќе резултира со значително помал број на гласови за ДУИ, но и за ДПА. За да не се случи тоа, се случи меѓупартиски пазар меѓу СДСМ и ДУИ на следнава основа:

  • ДУИ да го подржи СДСМ во напорите да се суспендира гласањето на дијаспората, преку наметнување на недостижни 90% од просечниот број на гласови за избор на пратеник од дијаспората во македонското собрание (околу 6.500 гласови за секој пратеник во дијаспората), со која суспензија би се оштетила пред се дијаспората но и ВМРО-ДПМНЕ со три пратеници помалку во самиот старт.
  • за возврат СДСМ прифати да се откаже од активната регистрација како метод за целосно прочистување на узбирачкиот список од гласачи жители на Македонија и гласачи кои се постојани жители на странски држави, со што би се заштитил интересот на ДУИ за (зло)употреба на овие запишани избирачи во списокот , истите да не бидат предмет на контрола или бришење од списокот, со што би си ја оствариле целта за освојување на нереални 3-4 пратенички места плус во Собранието. .., и на крајот
  • за СДСМ да има одредено покритие пред јавноста за досегашното оспорување на избирачкиот список, а како контра услуга кон ДУИ за позицијата против дијаспората, прифати фиктивна и делумна теренска контрола на адресите на запишаните гласачи, со помал број на теренски екипи и според методологија која ќе биде усвоена од страна на ДИК, при што одлучувањето во ДИК за таа методологија на проверка на гласачите се согласи да биде донесена со двојно мнозинство односно со бадинтерово мнозинство. Тоа значи дека прочистувањето на избирачкиот список ќе се сведе на некоја симболична незначителна бројка и претежно таквите делумни теренски контроли ќе се вршат во изборни места за кои СДСМ Ќе смета дека претежно ја даваат својата изборна доверба на ВМРО-ДПМНЕ. Дополнително на тоа заткулисниот договор на ДУИ и СДСМ е принципот на бадентер да важи и во рамките на секоја одлука на ДИК во изборниот процес. Односно ако од 9 членови на ДИК, тројца бидат Албанци, тогаш само двајца од нив да можат да блокираат, оспорат или изменат некоја одлука за прегласување или потврда на изборните резултати во сите општини во кои Македонците се малцинство, без разлика дали станува збор за Мислешево во Струга или Иванидол во Кичево, или Зубовце во Гостивар или Сиричино во Јегуновце или Љубанци во Бутел.

Сума сумарум, ваквото заткулисно пазарење на СДСМ со ДУИ ќе и наштети на македонската дијаспора, ќе го намали бројот на пратеници Македонци во Собранието на сметка на пратениците Албанци и ќе воведе еден нов ризичен бадентеровски принцип на одлучување во ДИК, каде етно-политиката ќе стане поважна од правните аргументи, а со тоа и националните интереси на Македонија ќе бидат дополнително ставени на ризик за меѓуетнички манипулации .

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.