СДСМ се подалеку од Македонците, се поблиску до Албанците: Двојазичноста промовирана и во Арачиново

Зоран Заев, Мухамед Зекири и СДСМ ќе останат запаметени во историјата како првата македонска партија која барала двојазичност.

Всушност, СДСМ веќе не е македонска партија, откако започна да ги декларира истите барања кои ги има Али Ахмети.

Двојазичната Македонија за чија федерализација се разговара, е единствениот и главен проект од програмата на СДСМ.

Во историјата останува запишано дека после промената на името, знамето, територијалната, повикот за виткање кичма и отвореното признание дека СДСМ не е патриотска партија, ова е за првпат една партија која била на македонскиот етнос да побара т.е. понуди двојазичност на цела територија и да разговара со албански политичари за редефинирање и федерализација.