СДСМ се расфрла со народни пари пред избори – За 13 дена потрошиле 20,5 милиони евра

Владата предводена од СДСМ за 13 дена од распишувањето на локалните избори во земјава, потрошила 20,5 милиони евра или 1.26 милијадри денари, за стоки и услуги како: Патни и дневни расходи, материјали и ситен инвентар, договорни услуги, привремени вработувања, трансфери до невладини организации, опрема и машини…

На официјалниот сајт на Министерството за финансии е објавено детално, по денови, на што се трошени парите на граѓаните.

На 23 август, меѓу другото, Владата за трансфер на невладини организации потрошила 4,7 милиони денари. Народнит пари се тршени и за мебел, опрема и машини, дотации, а за ставката привремени вработувања се дадени околу 240.000. Ден претходно, за материјали и ситен инвентар, ставка по која очигледно се плаќани многу народни пари, од 7 до 22 август, префрлени се 1,8 милиони денари, а за други разни трансфери 12 милиони денари.

На 21 месецов, за патни и дневни расходи, Владата потрошила 1,2 милиони денари, а повторно за „ситен“ инвентар 2,1 милион денари. Тој ден е купено и возило за 2 милиони денари (над 30.000 евра), а  потрошени се и пари за мебел и машини.

На 18 август , за материјали и ситен инвентар потрошени се 39 милиони денари, за договорни услуги 210 милиони денари, и за разни трансфери 290 милиони денари на граѓаните. Има субвенции за претпријатија и невладини во износ од околу 76 милиони денари. Ден претходно, повторно за „ситен материјал“, поторшени биле околу  2,1 милион денари. На 16 август, нови 16 милиони денари, и тоа пак за ситен инвентар, како и  опрема и машинии за 4,8 милиони денари.

На 15 месецов, ситниот инвентар одлеал 1,5 милиони, разни трансфери 12 милиони денари, машини и опрема околу 1,7 милиони денари, но и субвенции за претпријатија и невладини околу 2,5 милиони денари.

На 14 август, нови  5,6 милиони денари за ситен инвентар, трансфери до невладини 150.000 денарри и други трансфери околу 7 милиони денари.

На 11 август за патни расходи се потрошени околу милион  денари, и секако за ситен инвентар 1,5 . Повтрони има за привремени вработувања, сега околу 118.000 денари.  Претходниот ден за ситен инвентар околу 4 милиони денари , за привремени вработувања 450.000 денари , трансфери до невладини 500.000 денари  и други трансфери 15 милиони денари.

На 9 август, за материјали и ситен инвентар дадени се околу 22 милиони денари.  26.ооо денаи одат за привремени вработувања, а за градежни објекти 116 милиони денари.

На 8  август за патни трошоци  се дадени  9,7 милиони  денари. Ситниот инвентар кој веројатно не е толку ситен, однел  6,4 милиони денари, а привремените вработувања 390.000. Има пвторни трансфери до невладини 6,7 милиони денари.

На 7 август, ставката ситен инвентар повторно е активна со 33 милиони денари, привремени вработувања 696.000 денари, а  освен трансфер за невладини од  900.000 денари  има и субвенции за претпријатија и невладини 11,2 милиони денари.